Кога минатото те вика, не се јавувај! Нема ништо ново да ти каже

Потполно е во ред да паднеш и да се чувствуваш лошо, но немој да се обвинуваш за тоа. Во тие моменти само реши, дека моќта е во тебе и дека ТИ бираш како ќе се чувствуваш.

Застани, диши длабоко неколку пати и прашај се:” Што да правам сега, а да ми биде добро?”

Слушај внимателно, сите одговори секогаш се во тебе и невозможно е да не ги добиеш. Треба само да се свртиш кон себе, на своето внатрешно битие и да го послушаш, што треба да правиш. Прво поверувај, па ќе видиш! И тргнувај- направи го тоа!

Дали тоа ќе биде прошетка, природа, читање книга, не е важно, важно е да научиш како да се слушнеш себе си и да направиш така, како што се чувствуваш.

На тој начин свесно си одлучил, дека тргнуваш кон промена и не се здржувај во состојба која не ти годи, веќе си направил акција и сигурно ќе почувствуваш дека нешто се променило.

Ние сме креатори и исклучиво од нас зависи, дали нешто ќе се смени или не. Од секоја ситуација постои излез, ама ние не го гледаме, бидејќи упорно го бараме излезот на погрешни места. Малку се слушаме себе си, премногу се фокусираме на моменталните околности и се чувствуваме заробени и беспомошни.

Само еднаш свретете се кон себе си, направете акција, во која ќе се чувствувате задоволно во дадениот момент и на тој начин станувате господар на сопствениот живот.

Можно е! Пробајте и ќе видите, дека сѐ што ви треба е токму тука во вас.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading