Нејзиното срце има храброст повторно да сака…

Илјада паднати ѕвезди, таа потроши на една единствена желба…Ти. Ја посакуваше твојата насмевка, но таа секогаш беше резервирана за некои други луѓе…некои други места…далеку од неа.

Ти посакуваше среќа дури и тогаш кога знаеше, дека таа нема да биде дел од неа. Во месечината те гледаше тебе…твоите зборови и чувства се менуваа, како што таа се менува секоја ноќ…Копнееше по твојата љубов како што жедната земја, копнее по дожд.

Залудно ја потроши и таа ѕвезда. Ти за неа имаше само празни ветувања и лаги…Постојано чекаше нова ѕвезда што паѓа, за старата желба…И тогаш како да се разбуди од сон, опиена од чувства…

Сфати дека своите ѕвезди ги држи во рацете. Не беа залудно потрошени. Нејзиното срце има храброст повторно да сака…

Отсекогаш има. Додека сите чекаат да бидат сакани, таа има храброст да сака. Има храброст да биде подобра за некој, кој наместо камен, во градите има срце. Таа дури има храброст да те сака за се’ што било…за се што посакувала да биде…

Илјада ѕвезди потрошени на една желба…


Росана

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: