Идат така денови кога животот почнува да те тренира. Ќе научиш да се гризнеш за јазик и се чуваш, да не станеш мутав.
Ќе научиш да зборуваш и тогаш кога искрено посакуваш да замолчиш, за да не кажеш глупост.
Ќе научиш дека мора и тогаш кога не сакаш, без да се тераш себеси.
Ќе научиш да пливаш во гомна, а да не смрдиш на нив, кога ќе се вратиш дома.
Ќе научиш да слушаш туѓи солзи, додека своите ги голташ.
Ќе научиш да продолжиш понатаму, иако не знаеш каде.
Ќе научиш да живееш.
Блогдан
Leave a Reply