Ако некој сака да биде покрај вас, ќе биде

Не може да биде поедноставно. Иако ние често се уверуваме во спротивното. Толку пати се задоволуваме со ронки, сметајќи само на добрите работи, кои некој ќе ги направи за нас, а лошото не го гледаме.

И така ние се задоволуваме со капките кои ги добиваме, со желба и надеж за промена. Нема тие да се сменат. Не е важна неговата причина. Ниту тој. Важни сте вие. Зошто да бидете задоволни со помалку, ако можете да имате повеќе? Зарем не мислите, ако на некој му е навистина важно да е со вас, дека тоа и ќе го покаже? Без да мора да поставуваме прашања.

Дали размислувате каде сте вие во тој однос? Каков е тој всушност однос? Дали се чувствувате почитувано или само во одредени моменти, кои за вас живот значат, затоа и не заминувате?

Останувате во тоа половичен однос и понатаму давајќи се себе си повеќе и повеќе. А добивате се помалку и помалку. Во некои моменти можеби добивате и ронка повеќе, па повторно се надевате и давате уште една шанса. А потоа се’ исто во круг.

Што мислите, што би направила личност која навистина се сака себе си? Ќе си даде шанса и ќе ги остави настрана сите нив. Ти заслужуваш да бидеш почитувана и сакана, заслужуваш да бидеш број 1, а не 3 или 5. Заслужуваш многу подобро од пусти изговори и чекања, денови поминати во размислување за него.

Заслужуваш среќни моменти, исполнети со љубов и нежносг. Заслужуваш некој, кој ќе знае да те чува како капка вода на дланка. Да те сака искрено и со цело свое срце. А до тогаш?

Сакај се себе.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: