Колку ви останаа неискажани нежности, невозвратени чувства, потиснати намери?

Колку останаа неискажани нежности, невозвратени чувства, потиснати намери, затоа што не се чувствувавме доволно подготвени да го живееме животот во целост, немавме доволно храброст, правилно да ги распоредиме приоритетите и да покажеме какви сме и што навистина чувствуваме.

Можевме, а не го направивме тоа, зборови, кои подоцна најмногу не’ болат. Колку останаа работи за кои ‘фаќавме кусури’ и бевме во притаена напнатост, поради некоја безначајна ситница, преку која немавме сила, да надминеме некој непотребен конфликт и несогласување.

А колку месеци и години поминаа, во живот ‘во својот свет’ без да се сетиме, колку пред тоа имало убави работи, прекрасни зборови и длабоки чувства во нашите односи. А треба само да се покаже колку ни е важен, оној едноставен збор ‘прости’.

Колку мислиме дека ќе имаме време да ги поправиме работите кои тргнаа на лошо, да го одживееме животот кој не сме го живееле?

А буквално, ништо на овој свет не е сигурно. Никој од нас не знае кога ќе дојде неговиот последен момент и затоа не смееме сега да го трошиме времето и емоциите на работи кои не се важни, на односи кои не’ прават празни, на случувања кои немаат никакво значење.

Да го искористиме ова време кое сега го имаме за патување, создавање, сакање, истражување, за овој свет после нас да стане малку подобро место.

Затоа денес да земеме доволно време за најблиските, оние кои ни се ‘на срце’ и да не дозволиме, нашата куќа да стане дом на странци. Ако денес не му покажеме на некој дека го сакаме, нема тоа ниту утре да го направиме, а денот кога тоа го планираме нема никогаш да дојде.

Секој ден е незаборавна прилика. Еднаш кога ќе истече нашиот песочен часовник нема да зажалиме за ниту еден момент, бидејќи сите тие беа токму такви какви што ги посакувавме, ни требаа и ги заслуживме.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: