Дајте си себеси втора шанса, доста им дававте на другите

Се однесуваме како никогаш нема да умреме, а умираме како никогаш да не сме живееле. Тоа е живот кој не е достоен на човек! Тогаш, со што ние се гордееме, ако покрај сите наши достигнувања, не сме во состојба да го искорениме гладот и сиромаштијата? Со што се гордееме ако еден вирус не’ затвори дома и ни ја одзеде, она малку лажна слобода што ни остана?! Зошто толку дипломи, признанија, авторитети и стручњаци?

Пробавме се’ освен тоа како да се биде вистински слободен, да сакаме без посебна причина. На се’ му дадовме шанса освен на љубовта и слободата. Ние, кои сме создадени да бидеме слободни и да сакаме, станавме се’, само не она што навистина сме.

Сите наши таканаречени успеси се всушност наши порази, срамота која укажува колку сме далеку од својата суштина. Децата умираат од глад, реките пресушуваат, шумите исчезнуваат, воздухот загаден, долговите растат, економијата пропаѓа, војните беснеат…а ние се гордееме со своите успеси.

За кои успеси сонуваш? Толку убави работи пропуштаме додека ја бараме среќата, таму каде што никогаш нема да ја пронајдеме… Не треба да се плашите од смртта која го убива телото, многу е полошо да се живее без слобода и љубов.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: