Кога животот ќе те направи ранлив и немоќен

Посакуваме некој да влезе во нашиот внатрешен свет, да не’ сака, да не’ охрабрува, да не’ милува, но сепак се прашуваме, колку тоа ќе трае и како тоа ќе заврши.

Сите посакуваме некој да ни каже ‘Те сакам’ но се прашуваме, што ќе се случи кога срцето ќе се навикне на љубов, а неа повеќе ќе ја нема. Сите во нашите длабочини сме еднакви. Преживеавме стотици удари, навреди, предавства, разочарувања и повторно веруваме во онаа подобра страна во луѓето. Повторно не сме ги кренале ѕидовите до крај и не се оградивме од светот, бидејќи знаеме дека кога- тогаш во нашиот живот, ќе влезе некој на кој нешто му значиме и кој не’ сака, такви какви што сме, па за тој момент сакаме да бидеме подготвени.

Јаки сме бидејќи веруваме дека и покрај ваквиот свет, сепак постои една скриена смисла на се’. Сите сме во својата длабочина подеднакво сами. Треба да се соочиме со своите проблеми и дури тогаш ќе видиме, дека нема никој на нашата страна и дека сите луѓе кои можеби биле во нашата прегратка, исчезнале и повеќе не се јавуваат.

Сите ние длабоко во нас водиме битки и никој не знае, за битките на оние другите. Затоа, да не му судиме на некој што е ваков или таков, што некој се однесува неразумно, што некој брзо ќе пламне, што некој не рескира, а некој премногу работи става на коцка.

Многу патишта тие луѓе поминале во мрак и никој не знае, колку болка и лузни останало и никогаш нема да се дознае. Што и да е, обиди се да разбереш, сочувствуваш, ќе видиш дека сите на крајот стануваме победници.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: