Кој број насмевка носиш?

Постојат жени, кои поголемиот дел од своето време зрачат и искрено се среќни. Тие секако, имаат и периоди на тага и потешкотии, но тие се краткорочни и не се задржуваат во нивниот живот.

А постојат жени, кои за жал кај нас ги има премногу, кои се секогаш незадоволни со нешто, често уморни и навикнати тешко да се носат со проблемите.
Кои се разликите помеѓу навиките и делувањата на овие два типа на жени? Што всушност треба да се направи, за да се чувствувате среќно и задоволно?

1. Да знае каде оди. Жените кои го сакаат животот, секогаш имаат сопствен пат, планови и цели и се движат по тој пат.
Жените кои секогаш се уморни ги следат туѓите патишта и им угодуваат на опкружувањето. Јавното мислење, за нив е многу важно, а сопственото е изградено на ‘Мора и Треба’.

2. Опкружување. Жените кои го сакаат животот и тој ги сака нив, имаат сјајно, позитивно друштво. Она кое се развива и кое е оптимистичко.

Кај уморните жени опкружувањето се состои од ‘жртви’, секогаш е се’ проблематично и секогаш се жалат на животот. Вообичаено е да се жалат едни на други, а за радост не е убаво да се зборува, да не се баксузира.

3. Избалансирана самодоверба. Кај жените кои го сакаат животот, нема крајности: гордост или ништо. Подобра е хармонијата и рамнотежата. Се почитуваат себеси и ги почитуваат добрите луѓе околу нив. Сакана за родителите и благородна жена за блиските. Лесно дели комплименти и својата радост.

Кај уморните жени – или гордост или ароганција или чувство на потполна ништовност.

4. Односот кон споредувањето. Жените кои го сакаат живот и животот ги сака нив, имаат навика да се споредуваат само со себе и да се развиваат индивидуално.
Уморните жени имаат навика да се споредуваат со другите или да бидат завидливи или да тврдат, дека кај некој друг е уште полошо.

5. Очекувања. Кај жените кои се среќни, нема очекувања и ‘мора’ во односот кон другите, таа знае како спокојно да замоли и потполно разбира дека можат да ја одбијат. Навикната е да ги задоволува своите потреби на здрав начин.

Уморните жени имаат навика да очекуваат задоволување на своите потреби од другите. А ако тоа не е доволно, се лутат на нив и искажуваат закана. Да замолат за нив е понижување.

6. Да не се простува, туку да се прифаќа.
Кај жени кои го сакаат животот, не постои поимот простување. Постои концепт на прифаќање и разборање на другата страна. Никој не треба никакво простување, едноставно сите гледаат на светот на свој начин. Простување значи дека постои навреда, а навредата не и’ е својствена.
Уморните жени имаат навика да се навредат, а потоа, во најдобар случај, трошат огромна количина на сила и енергија, за да можат во својот внатрешен театар да простат. При тоа во секоја слична прилика, го потсетуваат оној кој ги навредил.

7. Дејства и разговори. Жените кои го сакаат животот, навикнати се да делуваат, а не да зборуваат и да размислуваат во празно. Не може со зборови да се излезе од проблемот, во кој сте се нашле со дејство. Го претвораат проблемот во задача. Навикнати се да мислат дека се’ е решливо, треба само да се пронајде начин и ресурси. Или да се стекне искуство.
Уморни жени имаат навика многу да зборуваат за тоа што треба да се направи, а малку значајно да направат. Одложуваат се’ за подоцна, правдајќи се со зафатеност или проблеми.

8. Да се биде жена
Жените кои го сакаат животот, потполно се свесни дека се жени и дека тоа е нивен ресурс и предодреденост. Се грижат за себе и со силата на волјата, сакаат да бидат светли и живи. Секојдневно тоа го прават, со задоволство и пред се’, поради себе.

Уморните жени имаат навика да се грижат за себе на сила, тоа е како тешка должност и ако тоа го прават, го прават поради некој.

9. Одговорност
Жените кои го сакаат животот имаат навика во сите животни ситуации да ја превземат одговорноста на себе. Уморните жени имаат навика да ја префрлаат одговорноста за своите постапки, чувства и мисли на другите.

10. Односот кон минатото
За жените кои го сакаат животот, вообичаена е нивната уметност, да извлекуваат плусови од искуствата. Учат на своите грешки и си зборуваат себеси: ‘Добро е што тоа ми се случи, од тоа извлеков заклучок, добив корисно, има многу плусови во секоја ситуација.

Уморните жени имаат навика да страдаат поради минатото, обезвреднувајќи го минатото- тогаш да беше така, сега ќе беше вака.


Извор:https://econet.ru/articles/170597-10-otlichiy-schastlivoy-zhenschiny-ot-vechno-ustavshey

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: