Цел живот сме во некое чекање животот да почне…Но, животот поминува

Цел живот сме во некое чекање. Чекаме некој чудесно да го промени нашиот живот, да ни донесе некои нови прилики, за да започнеме поинаку да живееме. Во чекање сме да направиме свој подобар план за нашата иднина, да поминат сите стравови, да почнеме повеќе да веруваме во себе, да почувствуваме некоја поголема сила.

Во чекање сме да почнеме да растеме, но да не вложуваме во својот развој, во чекање бурата да помине, за мирно да продолжиме да го живееме својот живот. Но, кога?

Во чекање сме, другите да даваат одобрување за она што правиме, за да ни кажат дека вредиме, да се вклопиме во светот на оние кои ги сметаме поголеми од себе. Во чекање сме, некој да ни изјави љубов и да стои позади тоа, љубовта да ни ја покаже со дела.

Во чекање сме да се разрешат сите наши внатрешни енигми, да ги исплачеме сите наши солзи кои никој не ги видел и ослободени од сите терети од минатото, да тргнеме во новиот ден. Но, кога?

Во чекање сме она што е слабо во нас да добие сила, а она што е прејако малку да попушти, бидејќи ништо не боли така силно, како нашата внатрешна нерамнотежа. Во чекање сме да запознаеме некој кој навистина ќе ни значи, да не живееме повеќе во површност на односите, со оние, чии зборови и чувства не ни значат многу.

Во чекање сме да дојде ситуација во која ако губиме, ќе знаеме како да се носиме со загубата, а ако победуваме, ќе знаеме како да се носиме со победата. Но, до кога?

Во чекање сме да се пронајдеме себеси, се’ она што некогаш бевме, повторно да го откриеме како големо благо и во откривањето на себе, да го добиеме оној долгоочекуван мир. Во чекање сме себеси да се погледнеме во огледало и да ја откриеме вистинската личност, која се наоѓа од другата страна, да престанеме да војуваме со неа, сфаќајќи дека тоа е единствената личност со која сме до крајот на животот.

Цел живот сме во некое чекање животот да почне, но парадоксално, во исто време и животот да помине.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: