Или се почитуваме или се поздравуваме

Дали е потребна болест, за да научиме да живееме, а смрт за да можеме да сакаме? Што мислите? Па погледнете ги луѓето околу себе и оние со кои живеете и се дружите. Што мислите, како функционира се’?

Додека вчера беше здрав, дали всушност живееше или деновите ги поминуваше во грижа? Секогаш во грижа околу нешто. Работа, пари, маж, жена, деца, постојано си во грижа. Времето поминува и доаѓа денот кога сето тоа ќе те покоси. Тогаш кога ќе посакаш да живееш, но не можеш.

Те напушти она што некогаш го почитуваше- здравјето. И што сега? Дали е потребна смрт за да научиме да сакаме?

За жал, ние луѓето така се однесуваме. Како ѓубре. Погледнете не’ само и кажете дека не е така. Нема да се лажеме. Понекогаш сме навистина грозни, уништувајќи се’ околу себе, не само природата туку и другите луѓе. Дури не ги почитуваме оние кои ги имаме покрај нас.

И тогаш бум, нив повеќе ги нема. Не е важно тоа што бевме, ние тоа не можеме да го промениме, бидејќи ние сме такви, какви што сме сега. Да се живее и да се сака сега. Оние кои ги имаме покрај себе. Да го почитуваме животот. Да бидеме подобри.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: