Кога чудата почнуваат да се случуваат?

Помагањето на другите, не е само чувство кои ви го враќа внатрешниот мир, туку и враќање на онаа димензија на светот која недостасува.

Ако сте подготвени да ја зголемите среќата на другите, тогаш и вашата среќа ќе се зголемува. Луѓето патуваат по светот во потрага по љубов, среќа, различни чуда, а не знаат дека таа иста љубов, мора прво да тргне од нив и среќата која им ја праќаат на другите, повторно нив им се враќа и чудата почнуваат да се случуваат.

Генијалните луѓе, генијално размислуваат. Среќните луѓе, среќно размислуваат. Не се грижат за грижите кои никогаш нема да се случат, туку гледаат што е она што денес можат да направат, какви чекори да се превземат.

Животот станува осмислен кога ќе ја откриеме убавината во мали работи, кога ќе сфатиме дека за среќа не треба многу и кога можеме да го живееме денешниот ден, не враќајќи се во некое магловито минато.

Животот станува забавен кога ќе сфатиме дека сите наши емоции, подеднкаво ги создаваат добрите и лошите искуства. Не треба постојано да бидеме среќни, само треба постојано да живееме и да одиме напред.

Не се прашуваме како да ги осмислиме животите, ако научиме да ги чуваме вредните луѓе, вредни искуства, вредните случувања во својот живот. Тогаш животот станува осмислен. Кога ќе научиме да ги заборавиме повредите, лузните и ударите на животот, претворајќи ги во важни лекции, почнуваме да ја забележуваме логиката на овој свет.

Токму тоа е и мудроста на животот, да не дозволиме ниту еден ден да помине во празнина, туку секој да го искористиме, за да добиеме она што посакуваме, она што ни треба и што заслужуваме.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: