Не можеш да ме ‘скршиш’ ако јас тоа не ти го дозволам

Контролата над нашите емоции никогаш не смееме да му ги предадеме на другите. Тоа за нас треба да биде неосвоива тврдина! А за да биде така, мора да вложуваме во себе.

Тоа значи пред се’ вложување во свесноста на своите емоции низ кои поминуваме, негативни и позитивни. Кога сме тажни треба да бидеме свесни дека сме тажни, кога сме радосни да бидеме свесни за нашата радост, всушност за присутноста на секоја поединечна емоција. Ако е нашата свесност за поединечни емоционални состојби поголема, ние стануваме поголеми господари над нив.

Освен вложувања во свесноста на сопствените емоции, треба да бидеме свесни и за својата слободна волја, свесни на онаа наша моќ, кога ќе не’ погоди било која емоција во даден момент, да можеме и спротивно да делуваме од нејзините очекувања, да имаме алтернатива во своето делување, со промена на својот начин на размислување, кој последично влијае на промената на начинот на размислување.

Луѓето кои тврдат дека тоа е невозможно, не виделе и не се сретнале со луѓето кои покажале колку е големината на човечката волја и како се избориле за сопствениот став и во најтешки животни околности. Виктор Франкл, зачетник на логотерапијата, тоа најдобро го изразил, поминувајќи едно од најлошите човечки искуства, искуство на заробеништво во концентрационен логор. По излегувањето на слобода рекол: Се’ на човекот може да му се земе, освен последното од човечките слободи- право на избор на ставот, во било какви дадени околности, право на избор на сопствениот пат.

Од таму произлегува, дека колку околностите и другите луѓе не’ кршат, не можат да не’ скршат, ако тоа ние не им го дозволиме. Оваа промена во животот не е едноставно и лесно, таа не доаѓа сама од себе, ниту созреваме преку ноќ. Тоа е процес на целоживотен раст, во кој даваме отпор на оние лесни струи, кои најлесно се пуштат, но кои не не’ носат до целта. Ако сме свесни дека контролата над нашите емоции никогаш не смееме да им ги предадеме на другите, тогаш ќе направиме така да биде.

Тоа не е една од опциите и можностите во животот, тоа е приоритет. Колку и да се трудиме секогаш ќе бидат издигнувања и падови, но како и да биде, не смееме да се откажеме од тоа.

Марио Жувела

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: