Време е да поченете да мислите на себе, бидејќи одамна сте заборавиле

Ние најчесто молчиме од страв, како ќе реагираат другите. Всушност се плашиме да покажеме емоции, а сепак на крајот се чувствуваме лошо. А ако не кажеме она што мислиме, или чувствуваме другите нема да можат да ни ги читаат мислите и ние ќе се чувствуваме се’ полошо.

Дајте им на другите до знаење што чувствувате, искажете го своето мислење, искажете ги своите идеи и кажете дека не се чувствувате слободно, за да бидете господари на својот живот.

Често, кога треба да го кажеме она што мислиме, не’ прави нервозни, но потиснувањето на нашите мисли или чувства, уште полошо влијае на нашиот однос со другите.

Кога своето мислење или чувства ќе ги изразите со почитување, љубов и наклоност, кажувајќи што ви смета или што ве мачи, чувствувате длабоко ослободување. Тоа е затоа што емоциите кои не ги искажуваме, се претвораат во терет кој го носиме на рамената секој ден, кој го минира нашиот однос со другите, дури и ако не го разбираме тоа секогаш. Кога повеќе нема да постојат препреки, кога меѓусебе си ги искажуваме своите чувства, се создава блискост и интимност, која ја зајакнува довербата во другиот и го подобрува односот.

Ќе знаете како се чувствува другиот и таа ќе знае како се чувствувате вие, а тоа ќе ви даде голем мир. Кога ќе го сокриете она што мислите, вие се криете сами себе, создавајќи ѕид кој нема да ви дозволи да гледате напред и кој не му дозволува на никој, да ве види такви какви што сте. Наспроти тоа, кога ќе дадете одврзани раце на своите чувства, преку зборови, погледи, бакнежи и гушкања, се чувствувате дека сте живи. Ќе бидете конечно она што сте, нема повеќе да се криете зад своите зборови и можете во потполност да уживате во тие чувства, кои ги изразувате преку гестови и зборови.

Ако не покажете она што сте, другите ќе имаат погрешен впечаток. Тие ќе видат само избледена слика, која не им дозволува реално да ве проценат, ниту да ги почитуваат вашите доблести.

Кога ќе научите да кажете како се чувствувате, комуникацијата со другите ќе го достигне нивото на транспарентност, нема да има ништо сокриено. Ниво на кое ќе се чувствувате многу пријатно, бидејќи нема да се плашите, да го искажете она што вашето тело и ум посакуваат.

Ако не кажеме она што чувствуваме, ќе постои многу голема неусогласеност помеѓу она што сме и она што го покажуваме. Кога ќе научиме да разговараме, кога ќе кажеме за она што не’ загрижува, имаме поголема конзистентност, помеѓу она што имаме во нас и што изразуваме однадвор.

За да кажете она што чувствувате, треба најпрво да научите да бидете упорни, самоуверени, самосвесни, со самодоверба. За да ги поседувате овие работи треба да се ослободите од негативните мисли, со менување на таа мисла. Понекогаш себе си знаеме да си кажеме многу негативни работи ‘јас тоа не можам да го направам’, ‘јас не сум во состојба’, ‘што ќе мислат другите, ако кажам тоа што мислам, дали ќе се налути?’. Сите овие мисли влијаат на нашите чувства и полека не’ одвојуваат од другите. Се создава ѕид од неискажани зборови, несвесни чувства.

Обидете се да ги елиминирате овие негативни мисли и заменете ги со повеќе позитивни фрази: ‘Сакам да се обидам, ако не успеам, барем да ја научам својата лекција’, ‘Јас ќе кажам што мислам, без намера да навредам било кој, но, ќе останам верен на себе!’

Бидете свесни дека другите не можат да ви ги читаат мислите. Иако е очигледно, понекогаш ние ќе кажеме дека ‘ништо не се случува’ кога се чувствуваме луто или разочарано. Што подолго ги потиснуваме чувствата, тоа е полошо за нас.

Имајте на ум, дека никој не може да ви ги чита мислите или да погоди како се чувствувате, мора да кажете, ако сакате да знаат што се случува со вас. Кога ќе одлучите да кажете што чувствувате, не го свртувајте вниманието од целта. Сетете се зошто тоа сакате да го направите, не се повлекувајте и не мислете, дека сигурно ќе се чувствувате подобро.

Најчесто, она од што најповеќе се плашиме нема да се случи и вие тоа ќе го сфатите, дека сте се грижеле за тоа непотребно. За да комуницирате правилно, морате да бидете јасни.

Не ја комплицирајте ситуацијата со игра на зборови, почнете со јасни прашања и јасно изразете се. Користете зборови кои точно опишуваат она што сакате, а кој и да ве слуша, ќе ви биде благодарен.

Извор: lamenteemeravigliosa.it

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: