Животот е прекраток за да трпиме туѓа негативна енергија

Вашиот живот за вас се грижи и имајте доверба, дека работите ќе се наредат за вас и тогаш кога не знаете. Навистина кога така мислите, тие ќе се наместат на најдобар можен начин- бидејќи вие сте креатор.

Факт е дека постои универзално енергетско информациско поле, кое можеме да го наречеме Божја свест, чии дел сме сите ние. Гледано од тој аспект ние сме едно. Едни на други влијаеме. Прашањето е како и зошто, позитивно влијаеме на другите гледајќи во нив најдобро?

Позитивно влијаеме со насмевка, благослов, љубов, почитување. Исто така влијеме и негативно. Со испраќање на негативни мисли и емоции во универзалното поле, секако го активираме негативниот круг (карма) причина- последица. Личноста, која од некоја причина не ја сакаме, тоа може да го прими или не. Во секој случај, себеси се труеме во негативниот процес на мисли и емоции.

Другите луѓе на нас негативно влијаат, ако ние им ја отвориме вратата, односно им даваме дозвола. Свесно или несвесно даваме дозвола, така што ние сами имаме некоја негативна вибрација, наспроти одредени луѓе или теми.

Стравот, сомнежот, љубомора, зависта, омразата, ја отвораат вратата на негативноста надвор од нас, што дополнително не’ исцрпува и ослабува. Вратата се затвора со љубов, доверба, разбирање, светлина, храброст, добрина, знаење.

Постојат безброј ситуации во кои се наоѓаме и постојат безброј позитивни избори, како да се однесуваме во согласност со предизвикот. Можеме да ги ставиме во три основни избори во однос на ситуацијата. Првата ситуација е кога личноста која ве исцрпува ја гледате со разбирање, бидејќи таа прави како што знае и може, вие можете да и’ помогнете, ако таа сака, за да најде извор на енергија внатре во себе преку медитација и личен раст.

Втората ситуација е повторно и секогаш да го гледате другиот со разбирање, бидејќи тој навистина прави најдобро што може, но вие ќе знаете да кажете доста, стоп. Ова го зборувате, бидејќи знаете дека е тоа нешто што едноставно треба да се направи, затоа што е правилно. Без замерки и лутење, вас ве ослободува свесноста, односно знаењето. Правите за свое најдобро и тоа автоматски е најдобро и за другиот, бидејќи сме дел од истиот извор. Личноста навистина ќе ве слушне и со време ќе во биде благодарна.

Третата ситуација е кога имате чувство дека другата личност ви ја црпи енергијата, но поради некои други хиерархии кои мора да ги почитувате ви се чини дека немате избор, чувствувате уцена и лутина или уште полошо, беспомошност. Тогаш вашата единствена опција е свесност, во смисла договор со себе- Се согласувам на ова поради моменталните околности, на кои сега не можам да влијаам. Истиот момент во вас се јавува олеснување, бидејќи немате отпор. Ја давате намерата, дека вашиот живот се грижи и имате доверба дека за вас се местат работи и тогаш кога за тоа не знаете.

Навистина кога така мислите тие ќе се наместат на најдобар можен начин, бидејќи вие сте креатор. Во секој случај негативноста на другите луѓе нас не’ не исцрпува, туку нашиот отпор, без оглед дали е тоа страв или уцена или нешто трето. Отфрлете го отпорот и слободни сте.

извор: atma

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: