Животот не е романтичен филм

Предавниците ќе ве обвинат за предавство. Измамниците ќе ве обвинат за измама. Природата на односот на луѓето кон вас, е одраз на тоа кои се тие. Обрнете внимание на тоа како другите се однесуваат кон вас. Многумина чуваат тајни за себе, далеку од дневното светло, така што, другите не можат да погодат што всушност ги раздвижува. Можеме да кажеме дека на тој начин се штитат.

Но, ако доволно обрнете внимание, можете да видите што точно луѓето се обидуваат да скријат од вас. Често нивното чувство за себе, го искажуваат во облик на агресија кон другите. Ако почнете внимателно да ги набљудувате и слушате, ќе видите како ги откриваат своите недостатоци, обидувајќи се да ги обвинат другите.

Предавниците ќе ве обвинат за предавство. Дали некогаш се обиделе да ве обвинат за предавство? Јас имав такво искуство. И на крајот се испостави дека таа личност која ме обвини за тоа, всушност е предавник. Дури подоцна, откога нашиот однос заврши, сфатив што се случи во стварноста. Всушност, таа личност сама се откри. Обвинувајќи ме за предавство, ми ја откри нејзината внатрешна состојба.

Измамник ќе ве обвини за измама. Во недостаток на докази, само вие знаете кога лажете и кога зборувате вистина. Дали другата личност ќе ви верува или не, ќе зависи од нејзината способност да им верува на другите луѓе.

Кога некој ќе почне да ве обвинува за измама, иако сте сигурни дека тоа не е така, повторно имате увид во срцето на другата личност. Како и кај предавникот, целта на таа личност е да го сврти вниманието од себе и своите лаги.

Несигурните луѓе ќе се обидат да ве направат несигурни. На светот постојат многу несигурни луѓе, кои се трудат да направат се’ и другите да се чувствуваат помалку вредно. Токму тоа однесување произлегува од внатрешниот комплекс. Поголемиот број од тие поединци некогаш биле насилни, но сега чувствуваат потреба да ги понижуваат другите.

Ги навредуваат и на другите им ја одземаат самодовербата. А нивните шеги често се многу суптилни и самите не разбирајќи колку се погубни за вас. Но, кога добро ќе ги слушнете што зборуваат, тогаш секогаш ќе ги видите знаците на нивната ниска самопочит. Но, не треба да се докрајчи сторителот со неговото сопствено оружје! Подобро обидете се да ги разберете нивните причини и да му помогнете да ги реши.

Природата на односите кон вас, се одраз на тоа кои се вистински тие. На крајот, можеме да кажеме дека основа на нечиј негативен однос кон вас, често е темел на негативни сопствени проблеми, чувства и постапки. Затоа, кога некој ве клевети, не го сфаќајте како обвинување, туку како нивно сопствено признание. Затоа внимателно слушајте.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: