Дали живеете навистина со токсични луѓе?

Кога ќе се каже Нарцис, обично се мисли на арогантна, доминантна личност, која обожава да биде во центарот на вниманието. Живеат за малку внимание, добиено од луѓе кои ги идеализираат. Меѓутоа, овој опис одговара само на еден од главните нарцистички типови.

Постои еден подвид на нарцис, кој многу вешто се крие- затворен тип. Инаку постојат три главни подвида на нарцис, како пореметување на личноста, кој го идентификувал психијатарот Џејмс Мастерсон. Другите два типа на нарцис во литературата се нарекуваат егзибиционист и отровен нарцис.

Главните карактеристики на затворените нарциси се: Нарушена самопочит, саможивост, загриженост за својот статус во општеството, недостаток на однос во целина, недостаток на константност, недостаток на емоционална емпатија, завидуваат на туѓи успеси, статуси и самодовербата, имаат страв дека јавноста лошо ќе ги процени.

За разлика од другите нарцисоидни личности, овој тип има страв, отворено да бара воодушевување од другите. Сметаат дека ако бидат изложени на внимание, дека ќе бидат оштро казнети или обезвредени.

Нивната основна дилема е: Како можам да се чувствувам посебен, а при тоа да не сум во прв план ? Еден од најчестите начини на кои овие луѓе се обидуваат да се истакнат е дружење со оние, кои ги идеализираат како посебни. Тие наместо ‘ Бидете восхитени од мене’ порачуваат ‘им се восхитувам’ па со тоа, по асоцијација се чувствуваат посебни. Многу од нив напорно се трудат да им удоволат на луѓето на кои им се восхитуваат. Наместо да прашаат што сакаат, се обидуваат да манипулираат со ситуацијата, така што другите чувствуваат сожалување или како да им се должни.

Освен тоа, нив не им е пријатно да се соочат со луѓето. Наместо тоа, тие прво ќе трачарат за другите. Ретко се расправаат. Побрзо ќе се повлечат и потполно ќе ги игнорираат луѓето, со кои се во судир. Тоа може да создаде непријатна ситуација, посебно ако се најдат во исто друштво со оние кои не ги сакаат, како и со другите луѓе.

Ваков тип на нарцис, тешко се препознава. Многумина кои поминуваат многу време со такви луѓе, ги сметаат само за малку несигурни и непријатни во некои ситуации, но ако се најдете на црната листа на таквите нарциси, веројатно ќе сфатите дека зад такво однесување се крие нешто повеќе.

Извор: 24sata.hr

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: