Дали мислите кои постојано ни се ројат, не’ враќаат во маѓепсаниот круг на истите порази?

Има многу отрови во нашиот живот, кои најчесто се ментални и емоционални, отрови на кои понекогаш не обрнуваме толку внимание, како што се оние физички видливите.

Исфрлете ги сите отрови од животот. Иако на прв поглед не изгледаат така убиствено, долгорочно ќе ве чинат многу. Понекогаш се чини дека нема ништо опасно во тоа, на некој нешто да му забележувате, на некој да му завидувате, на некој нешто да не му простите, ако некој ве повредил, тоа постојано да ви се вртка во главата. Ќе помине некако денот, ќе дојде и ноќта, но од главата не излегуваат мислите кои ве водат во тој негативен правец.

Прашањето е до кога така и какви се последиците за вас? Како што малите работи ве радуваат од срце и ве прават среќни во животот, така и тие ‘мали’ работи ве трујат и ви носат несреќа.

Понекогаш се чини дека е лесно да се направи некој мал рез во животот, да се замине од една куќа, од еден амбиент, да се смени работа, да се напушти некоја личност, да се остави околината во која сме страдале, но што е со светот во нашата глава, што е со мислите кои постојано ни се ројат и не’ враќаат во маѓепсаниот круг на истите порази?

Клучот на слободата е во верувањето дека можете да се ослободите од мислите ако сакате, дека можете да влијаете на своите чувства, ако во својата глава ја промените плочата и ги наредите работите малку поинаку.

Лесно е да се пресметате со непријателите околу себе, треба да се пресметате и со оние во вашата глава. Треба да се тргнеме од чувството на вина, страв, кои сами себе си ги создадовме, потребата на некој нешто да му докажуваме, размислувањата што другите ќе кажат, кукањата кои секогаш не’ вртат во ист маѓепсан круг.

Треба еднаш да се исфрлат сите тие отрови од животот. Нема смисла да се толерира тивкото убивање, само затоа што не создава физичка болка, само затоа што со нив влеговме во некој животен ‘status quo’ со кој не одиме ниту назад, ниту напред.

Ако не можете се’ да гледате како волшебство, немојте се’ да гледате ниту како катастрофа. Имате право да се тргнете од животот кој не го заслужувате, поставувајќи поинакви критериуми, водејќи се со поинакви приоритети. Тој процес започнува во вашата глава. Клучот на слободата е да верувате, дека вашиот живот може да биде поинаков и да се направи таков и да биде.

Марио Жувела

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: