Зошто вашата внатрешна светлина, толку ги иритира луѓето кои живеат во темнина?

Веројатно многу пати сте се соочиле со ситиацијата кога едноставно блескате од среќа и посакувате да го поделите тоа чувство со целиот свет, а како одговор добивате само поглед попреку и неодобрување. Зошто вашата внатрешна светлина, толку ги иритира луѓето кои живеат во темнина?
Навистина, тоа се случува често. Во нашиот живот постојат луѓе, кои буквално се исполнети со светлина и осветлуваат се’ околу себе, а оние кои зрачат спротивно, не’ заслепуваат со својата токсичност. Просто е неверојатно како овие отровни светилки, се појавуваат точно во моментот кога сме среќни и посакуваме да ‘го гушнеме цел свет’ – да ја поделиме својата радост со сите.

‘Зависта е илјада пати полоша од гладот, бидејќи тоа е духовна глад’ – Miguel de Unamuno, шпански филозоф.

Всушност, овие луѓе, вие апсолутно не ги интересирате и не сте им потребни, ниту тие вам – бидејќи се многу деструктивни. Вистински пријатели се оние, кои не само што ќе ви подадат рака во тешки времиња и ќе ве поддржат, туку ќе поделат радост и среќа со вас.

Светлина и темнина, се делови на човечката природа. Некој во душата има светлина, некој- темнина, односно завист и злоба. Проблемот е што често мора да комуницираме со ‘носителите на темнината’ и покрај тоа што тие ја трујат нашата ‘светлина’. Светлината на некои луѓе, буквално им го пара погледот, предизвикува ‘отров’ и гнев.

Факт е, дека на некои луѓе им е потребно, да ја одземат вашата светлина, за да се чувствуваат подобро. Тие изгледаат како печурки, кои на изглед можат да се јадат, но всушност се опасни по живот. Исто е и со овие лоши луѓе: тие ја придобиваат нашата доверба, се колнат во вечна љубов и пријателство, но во стварноста посакуваат само една работа- да трујат. Да не светиме така силно, да ги иритираме со својата радост и отвореност.

Но, ако личноста не е во состојба да ја дели нашата среќа со нас, што тогаш правиме покрај неа? Да се исклучи светлината е многу лесно, но повторно да се запали- не ни успева секогаш. И што подолго останеме со токсични луѓе, тоа е потешко да се вратиме подоцна во својата предходна состојба.

Кога радоста ни е во душата, брзаме да ја поделиме со оние кои добро ги познаваме. Ова е апсолутна нормална реакција: сакаме на другите да им кажеме, дека ја најдовме- нашата мала среќа на Земјата. Секој тоа го прави на свој начин. Ако во такви моменти налетате на незадоволни и завидни погледи- не можете да замислите ништо полошо. Радоста ќе биде отстранета како со рака. Само изразот на соговорникот( или интонацијата) доволна е да сфатиме: нашата радост, за некој е коска во грло. Уште повеќе што очекуваме насмевка за возврат, радосна насмевка и задоволство: Ох, тоа е фантастично! Честитам, другар!

И светлината почнува да избледува…како некој да ни ги пресече крилата во лет. Емоциите бледат, радоста неповратно си оди… Ако ова се повторува со вашиот пријател или саканата личност- време е да размислите што всушност правите заедно. Среќата е навистина заразна, но само за оние кои исто така светат одвнатре.


Кај ‘луѓето од темнината’, туѓата радост, предизвикува непријатност и агресија. Не мислете дека проблемот е во вас! Нивната нездрава реакција поврзана е исклучиво со нивната траума и комплексите. Вашата светлина треба да свети и да го осветлува овој свет со добрина и радост. А луѓето кои живеат во темнина, не треба да се мешаат во него. Одалечете ги храбро и продолжете да се радувате на животот!

Извор: cluber.com.ua/uspesnazena

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: