Некои луѓе ве сакаат, дури откога ќе престанете да ги сакате

Секој од нас веројатно повеќе пати се нашол во ситуација да им угодува на другите. Правиме работи за други, кои всушност не сакаме да ги правиме, прифаќаме мислења во кои не веруваме и им дозволуваме на другите да не’ трујат на неправеден начин, само да не предизвикаме проблеми.

Ја жртвуваме нашата среќа, за некој друг да биде среќен. А всушност никој не е. Иако на површина може да изгледа мудро и вредно за восхит, постојат ситуации, кога секогаш треба да се заземете за себе и своите потреби. Еве и кога:

-Кога страствено верувате во нешто. Тешко е да се седи и да се слуша како некој зборува, против она во што верувате. Сепак, тоа многу често го правите, бидејќи не сакате да правите драми или затоа што верувате, дека нема ништо да смените ако не се согласувате. Сепак, кога во нешто верувате, треба на другите да им дадете до знаење, поради што се залагате за тие идеали. Можеби нема да смените нечие мислење, но сигурно ќе го насочите разговорот во друг смер.

-Кога имате јасна цел. Сигурно често сте се нашле во ситуација, некому да направите услуга, која е во спротивност со целта кон која се стремите. Вашиот прв инстинкт е да им помогнете на другите, иако е благодарно, тоа може да ве одвлече од работите кои ви се важни во животот. Секогаш фокусирајте се на работи кои навистина ви се важни, кои подржуваат среќен живот. Понекогаш е нужно на другиот да му кажете Не, за себеси да си кажете Да и да останете на вистинскиот пат кон остварување на вашите цели.

-Кога некој ве малтретира. Малтретирање се случува секаде. Секој пат кога некој ќе стане одлучен, дека нешто треба да направи или мисли на одреден начин, вие станувате жртва на малтретирање. Тоа секако, прави голема штета на вашата емоционална благосостојба. Мора да научите да се борите за себе, но и за другите, со укажување на такво однесување, не дозволувајќи му на другиот да го контролира исходот на било каква ситуација.

-Кога треба да го ‘заштитите’ своето време. Времето е едно од вашите највредни средства, а тоа е конечен ресурс кој не можете да го вратите кога ќе го дадете. Времето ви е потребно за да ги завршите сите работи кои ви се важни. Тоа ви е потребно и за луѓето кои ви се најважни во животот, да превземете мерки за да постигнете одредени цели и така натаму. Не сметајте дека го имате многу. Внимателно користете го и знајте дека е сосем во ред, кога сакате да го заштитите. Кога треба да поставите граници.

Некои луѓе едноставно не ги разбираат границите, на она што за една личност е прифатливо, а што не е. Важно е на луѓето да им дадете до знаење кои се вашите лични граници. Кога имате јасна слика на своите граници, тогаш ви е и полесно да се ангажирате за себе и да се одбраните од негативните влијаниа.

Извор: minimagazin.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: