Понекогаш треба да си одиш молчејќи

Да се застане зад своите зборови и дела, не може секој. Но, сепак од одговорноста некако трга се’. Да се превземе одговорност за себе и своите постапки.

Ние луѓето често виновниците ги бараме во другите. Ја префрламе на нив сопствената одговорност. Одговорностa за нашите емоции, мисли, понекогаш дури и дела.

Долго ми требаше да го научам ова. Низ животот ми се случувале некои, не така убави работи и за повеќето, се обвинував самата себе. Мислев дека го заслужувам тоа. Не сe сакав ни малку.

Другите ги обвинував бидејќи не разбирав. Не разбирав дека единствено и исклучиво јас сум одговорна за она што мислам и чувствувам. Долго им давав моќ на другите луѓе, моќ на управување со моите емоции. Некако е најлесно така, зарем не? Навикнавме на тоа. Додека ги обвинуваме сите околу нас, немаме време себе си да се погледнеме во очи и да сфатиме, дека тука нема вина. Ниту кај нив, ниту кај нас.

Што повеќе станував одговорна кон себе, така некако се’ беше полесно. Не велам дека денес е убаво се’, но денес светот го гледам со други очи. Не се гледам себеси како жртва. Не ми е виновен Свемирот, не сум виновна јас, не се виновни тие. Се’ е апсолутно добро. И што и да се случи, знам дека одговорноста за моите чувства е само моја.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: