Постојат луѓе кои треба да се чуваат во својата близина како суво злато

Тоа се луѓе чија сила излегува одвнатре. Тоа се луѓе кои животот ги учел, делкал, ги подготвувал за сите болки низ кои поминале. Кога таквите луѓе се во наша близина, се’ е полесно.

Не сакам да ги замислам оние кои само се смешкаат во лице, а зад грб збруваат нешто друго, сакам луѓе кои знаат дека секој човек е вреден за почитување и така му пристапуваат. Сакам луѓе покрај кои не морам да бирам зборови, луѓе кои не го менуваат својот став, кои се такви какви што се.

Не сакам луѓе со его колку планина, ниту нив им е лесно, ниту пак на луѓето кои се во нивна близина. Не сакам луѓе во чија близина чувствувам вина, ако не испадне онака како тие замислиле, луѓе покрај кои мора негативно да го коментирам светот и другите, бидејќи ако зборувам нешто позитивно, тогаш ме гледаат како со мене, не е нешто во ред.

Луѓе кои го уважуваат туѓото мислење и ставовите какви и да се, охрабруваат и секоја средба со нив, те исполнува со позитивни чувства, после кои позитивно гледаш на светот. Покажуваат доверба во твоите способности, какви и да се твоите можности, не прават непријатно да се чувствуваш во нивна близина, туку даваат полна подршка да се развиваш, во она што сакаш и кон она за кое се стремиш.

Луѓето чија сила излегува одвнатре, се луѓе кои се избориле за својата слобода, без да се борат со надворешен непријател, туку со внатрешните сили, со врзувањето и негативни навики.

Со такви луѓе сфаќаш дека и твоите соништа можат да се остварат, дека постои и за тебе пат до подобар живот и дека не постои неостварена цел, ако постои јака волја. Врзи се за такви луѓе, со нив најдобро ќе го запознаеш и ќе го живееш животот.

Марио Жувела

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: