Не им се враќајте на оние кои ви предизвикале болка

Многумина гледаат назад за пропуштените прилики, разочарувањата и се прашуваат зошто животот на нив фрла клетва, додека другите живеат во благослов? Си префрлаат себе си што се’ можеле да направат и дека во сегашниот момент, шансата да направат некоја промена не постои, за да бидат поинакви, да излезат од својот заспан свет.

Често мислиме дека меѓу победниците се наоѓаат само избрани, посебни и поинакви од другите, а всушност тоа се оние кои избрале повеќе да вежбаат, подолго да работат, повеќе да потат.

Често мислиме дека постои некој посебен пат, по кој поминале некои други луѓе, а всушност се работи за истиот пат по кој проаѓаат сите, само што едни при првата препрека веднаш се откажуваат, а другите не се ‘даваат’ ни кога се најтешките препреки и непредвидливи околности, што можат да ги исфрлат од такт.

Не треба секогаш некој да ни повторува, дека сме силни и дека имаме потенцијал да ги оствариме своите соништа. Го знаеме ние тоа. Не ни треба некој кој ќе рече, дека потполно верува во нас и дека се’ предава во наши раце. Го чувствуваме тоа.

Ни треба некој да ни каже колку не’ љуби, некој кој многу ни значи, личност која ќе не’ гушне и ќе ни каже, да истраеме по патот, да стигнеме до она што ни е важно, својот потенцијал да го сфаќаме сериозно, да не се коцкаме со она што ни е најважно.

Ние луѓето, сме неверојатно силни суштества, а од друга страна имаме голем страв и сомнеж во самите себе. Можеме да се спротиставиме на најголеми опасности, да поднесеме најголеми катастрофи, да пребродиме најлоши кризи, а сепак на крајот страдаме од една обична ситница.

Мораме работите еднаш да ги земеме во своите раце и да погледнеме во она на кое се жалиме, за да го видиме она, во што веруваме и сакаме да бидеме. Треба еднаш да го обликуваме животот според она што заслужуваме, ништо повеќе и ништо помалку.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: