Ја сум силна, ама душата ми е исцрпена…

Она што сега ќе ви го кажам ќе ви звучи помалку претенциозно, но вистинито. Ако тоа успеете да го разберете, ќе ја откриете тајната на будењето. Ќе бидете засекогаш среќни. Никогаш повеќе несреќни. Ништо повеќе нема да ве повреди. Сериозно тоа го мислам- ништо!
Тоа е исто како да фрлите црна боја во воздух- а воздухот да не се извалка. Никогаш воздухот нема да го обоите со црна боја.

Значи, без оглед на тоа што ви се случило, вие ќе останете не извалкани. Ќе останете мирни. Постојат некои луѓе кои во тоа успеале, да го остварат она што го нарекувам ‘Да се биде човек’.

Не, овие будалаштини за тоа дека себеси, си дозволувате да бидете нечија марионета со која се управува, кукла, со чии чувства управуваат случувања или други луѓе и поради кои вие своите чувства ги прогласувате повредени. Јас тоа го викам – ‘Да се биде марионета’.

Значи, сакате да бидете марионета? Ако одбиете да бидете со било која етикета, повеќето од вашите грижи ќе исчезнат.
Подоцна ќе зборуваме за стравот од болести и смрт, но човек најчесто се грижи за тоа што ќе се случи со неговата кариера.
Кој всушност одредува што значи да се биде успешен? Ова глупаво општество! Главната преокупација на општеството е себе си да се одржува болно! И што побрзо тоа го прифатите, тоа подобро за вас.

Да се има многу пари, нема врска со успешен живот. Во животот постигнувате успех кога ќе се разбудите! Тогаш на никој не мора да се извинувате, на никој не мора ништо да му објаснувате, баш ви е гајле што мислат за вас или зборуваат. Не ви е грижа, бидејќи вие сте среќни.
Тоа јас го нарекувам успех.
Добра работа, слава или сјајна репутација немаат никаква врска со среќата или успехот. Ама баш никакви! Тоа е потполно неважно. Луѓето кои мислат дека има врска, се грижат само за мислењето на нивните деца, што ќе мислат соседите, што ќе мисли брачниот партнер.
Размислуваат за тоа како треба да бидат славни.

Нашето општество и култура тоа ни го пикаат во главата. Успешни луѓе! Што успеале? Успеа од себе да направи магаре, бидејќи цела своја енергија, ја добива со добивање на нешто безвредно. Уплашени се и збунети, марионети, како и другите.

Вие можете да бидете било што- водоинсталатер, адвокат, свештеник или бизнисмен, но тоа не влијае на основно ‘Јас’. Тоа не влијае на вас. Утре и кога ќе го смените вашето занимање, тоа би било како да сте ја смениле вашата облека. ‘Јас’ останува не допрено.

Дали сте вие вашата облека? Дали сте вие своето име? Дали сте вие вашето занимање? Престанете да се поистоветувате со тоа. Тоа ќе дојде и ќе си оди.
Кога ова навистина ќе го разберете, на вас нема да влијае никаква критика. Исто така, нема да ве допираат ни пофалби, ни ласкања. Кога некој ќе каже: ‘Ти си сјаен тип’, за што таа личност зборува? Таа зборува за мене, а не за моето ‘јас’.
‘Јас’ не е ни големо ни мало. ‘Јас’ не е успешно или неуспешно. ‘Јас’ не е ниту една етикета. Тие работи доаѓаат и си одат и зависат од критериумот кое општеството го има поставено. Зависат од вашето условување. Зависат од расположението на личноста која нешто ви зборува. Тоа нема врска со ‘Јас’.
‘Јас’ не е ниту една од тие етикети.

Сакате да бидете среќни? Тајната на среќата нема причина. Вистинската среќа не е предизвикана. Вие не можете да ме усреќите. Вие не сте мојата среќа. Среќата е нашата природна состојба. Среќата е природна состојба на малите деца, на кое му припаѓа цело богатство на овој свет, се додека општеството и културата не ги извалкаат со својата глупост.

За да ја остварите среќата, не мора ништо да правите, бидејќи среќата не се стекнува.
Знае ли некој зошто? Бидејќи веќе ја поседуваме. Како можете нешто да стекнете што веќе го имате?

Тогаш зошто не ја доживуваме?

Бидејќи мора нешто да отфрлите. Мора да ги отфрлите илузиите. Не мора ништо да додадете за да бидете среќни, вие мора нешто да отфрлите. Животот е лесен, животот е убав. Тежок е само за вашите илузии, амбиции, алчност, за вашето страдање. Знаете од каде сето тоа доаѓа? Од поистоветувања со разни етикети!


Антони Де Мело
Извор: www.atma.hr

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: