Не можете се’ да контролирате, не се ни обидувајте

Вие во себе ја носите причината за својата несреќа или блаженство, пекол или рај. Што и да ви се случи, тоа се случува поради вас. Надворешните причини се секундарни, внатрешните причини се примарни. И додека тоа не го сфатите, внатрешната трансформација е невозможна.

Ако причината е надвор, тогаш вечно ќе бидете во ропство, бидејќи не можете да ги смените надворешните причини. А ако направите барем една промена, по неа ќе следат милиони.

Причините се внатре, надвор се само изговори. Можете да го промените целото надворешно опкружување, но ништо нема да се промени, ако внатрешниот свет остане ист. Внатрешниот механизам ќе создава ист таков модел, повторно и повторно, бидејќи човекот живее од внатрешното кон надворешното.

Вие секогаш во себе го носите својот пекол и рај. Како што пајакот, во себе ја носи својата мрежа. Каде и да оди, веднаш околу себе ја шири својата мрежа. А кога пајакот сака да оди понатаму, ќе ја собере својата мрежа во себе.

Од каде и да дојдовте, вие веднаш околу себе создавате свој образец. Сфатете, се’ зависи од вас. Сфатете, бидејќи од тоа зависи вашата трансформација. Ако во вас е пекол, каде и да одите, вие секогаш околу себе создавате пекол. Пекол и рај- не се географски поими, тие не постојат во надворешното пространство. Тие постојат внатре во нас.

Ошо

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: