Дали сте подготвени да ги разочарате другите, за да останете верни на себе?

Очекувањата се идеи, како треба работите да бидат поставени во нашите и туѓите животи. Тоа се утврдени правила кон кои (мислиме) дека треба да се придржуваме. Тие се едни од главните причини ,за разочарување и неуспех во животот.

Сите сме ние општествени суштества и важно ни е да бидеме прифатени од страна на другите, затоа повеќето луѓе живеат според очекувањата поставени кон себе, кон другите, кон животот или кон очекувањата на другите кон нас. Главната причина на нашата потреба за исполнување на очекувањата, е страв од неодобрување и неприфаќање.

1. Очекувања од себе- Луѓето од себе често пати очекуваат совршеност во се’ што работат, во преставувањето на себе си кон другите, во потврда на себе си пред другите, во освојување на туѓо внимание, наклоност и љубов. Кога ќе почувствуваат неуспех, имаат чувство дека се лоши, се повлекуваат во себе и се чувствуваат грозно, некомпетентни и безвредни личности родени за неуспех, и така развиваат омраза кон себе, страв и депресивност. Ако ова се развие во долготрајна состојба, може да доведе и до самоубиствени намери.

2.Очекувања од другите- од личности кои ни се блиски или важни очекуваме со нас да постапуваат љубезно, обзирно, со почитување, праведно, со љубов, сочувство итн.

Кога тоа, нема да се случи, сметаме дека не не’ сакаат, почитуваат, дека се грозни личности и во склад со тоа се јавува бес, разочарување, повреденост, потреба за освета и сл. Што води во сожалување или агресија.

3. Очекувања од животот- Многумина сметаат дека не можат да уживаат во животот, ако животните услови не се потполно сигурни, без проблеми и да им оди се’ од рака и ако не е така, нема да можат да поднесат, да преживеат и никогаш нема да можат да му се радуваат на животот. Ваков начин на размислување води во депресија, очај, бес и повлекување од животот.

4. Очекувањата на другите кон нас- тука спаѓаат сите семејни, родителски, брачни, љубовни, работни и општествени очекувања, при што се чувствува вина, ако не се исполнат очекувања на другите кон нас. Бидејќи ни е важно другите да не’ прифаќаат и да го одобруваат нашето однесување, и ние да се однесуваме во согласност со очекувањата на другите. Проблемот почнува кога нашите размислувања, потреби и ставови се во несклад со очекувањата на другите кон нас.

Перфекционизам- потреба се’ да биде совршено. Многу луѓе се нарекуваат себе перфекционисти, и тоа го доживуваат како стил на живот. За работата, бизнисот, тоа е позитивно, но во приватниот живот, поради поголемиот терет, очекувањата стануваат оптеретување.

Љубовниот однос со перфекционистот е тежок, бидејќи има преголеми барања и очекувања од партнерот, што резултира партнерот да се чувствува ‘недоветно’ и под притисок а перфекционистот разочарано, иритирано, со чувство на замерка кон партнерот, кој го доживува како да не се труди доволно, што во неговите очи автоматски значи дека не го сака доволно.

Перфекционистите страдаат од страв и срам и понижување од околината, и постојаната потреба да се докажуваат и да се подобруваат( уште повеќе да се усовршат), резултира со несреќен живот полн со незадоволство и фрустрација.

Претерана ситничавост и окупираност со детали, заедно со изразена амбиција создаваат силен притисок, кој никогаш не попушта, а се темели на длабоко потсвесно верување, дека среќата и љубовта треба да се заслужат.

Реални и нереални очекувања

Реалните очекувања се природни очекувања, темелени на доверба кон себе и блиските личности. Реално е да се очекува да поминеме на испит,, ако сме подготвени и ако вредно сме учеле. Природно е да се очекува од близок пријател да ни помогне кога тоа ќе ни затреба.

Меѓутоа, нереално е да се очекува да победиме на маратон, а никогаш предходно да не сме трчале. Нереалните очекувања се контролирачки и често се составен дел од зависнички односи.

Пример можат да бидат ситуации, во кои од партнерот можат да се очекуваат сите непријатни ситуации да ги решава наместо нас или очекување, дека партнерот ќе ни купи нешто надвор од неговите можности или дека нашето дете, ќе ги исполни нашите неостварени соништа. Нереалните очекувања се недостаток на здраво расудување кои не’ ограничуваат.

Живот без очекувања.

Ако останеме верни на себе, ризикуваме другите да не’ отфрлат, ако се однесуваме во согласност со очекувањата на другите, се губиме себе си и сеедно сме незадоволни.

Дали сте подготвени да ги разочарате другите за да останете верни на себе? Кога вистински ќе се запознаеме себе си, ги освестуваме своите желби и потреби, својот животен пат и смислата на своето живеење, и можеме на мирен и спокоен начин да ги следиме своите сништа, желби, да бидеме креативни и да го користиме својот полн потенцијал во животот.

Не можеме на сите да им се допаднеме, во ред е да бидеме ранливи. Мораме да го прифатиме фактот дека можеме да бидеме отфрлени и повредени. Кога тоа го прифаќаме и ги отфрлиме очекувањата, престануваме да се чувствуваме фрустрирани, разочарани, неуспешни и незадоволни.

Луѓето од потребата да им удоволат на туѓите очекувања, често завршуваат училишта, факултети кои не ги интересираат, работат работи кои не ги исполнуваат, се венчаваат со луѓе кои не ги сакаат, стануваат родители, без навистина да сакаат…

Кога ќе престанеме да имаме очекувања кон себе и другите и кога ќе престанеме да ги исполнуваме туѓите очекувања, добиваме прилика да креираме живот според слободен избор, а себе и на другите им даваме прилика да бидеме она што навистина сме, без оглед на улогата која моментално ја играме.

Стварноста секој момент непрестано се менува, поради тоа будалесто е да имаме очекувања. Животот не ги следи нашите очекувања, туку има свој тек, ние ја имаме контролата. Кога ги прифаќаме работите онакви какви што се и какви што ни доаѓаат, без при тоа да даваме отпор, животот станува многу полесен.

Прифаќањето не значи пасивност и да престанеме да се грижиме за себе, туку да се престане борбата со ветерниците. Очекувањата се животен терет од кој мораме да се ослободиме, за животот да ни биде радосен.

Наместо да бидеме во сегашниот момент, ние преку очекувањата се ограничуваме и своето внимание го фокусираме на иднината. Кога во потполност се прифаќаме себе си и се отвораме за се’ она што можеме да постигнеме, секогаш ќе бидеме задоволни со постигнатото.

Кога ќе им дозволиме на другите, да се однесуваат како што се однесуваат и од нив не очекуваме да се изденачуваат според нашите очекувања, ги прифаќаме такви какви што се.

Тогаш животот станува многу поедноставен, бидејќи е лишен од правила и калап во кој мора да се вклопиме. Да се биде без очекувања, значи да се прифатиш себе си и другите онакви какви што се и да се препуштиш на струјата на животот, што не значи да немате цел и планови во животот, туку значи да не се ограничувате себе си и другите со замисли, за тоа како нешто мора да изгледа или каков исход треба да има.

Очекувањата се тегови на патот кон среќата, бидејќи не можат секогаш да бидат исполнети. Кога еднаш ќе отпуштиме, на таков начин да ги поставуваме работите, животот станува многу полесен.

Извор:alternativainformacije

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: