Зошто ти недостасува некој, кој всушност тоа не го заслужува?

Единствена сигурна работа за животот е дека тој е во постојано движење; поминуваат деновите, се менуваат годишните времиња, луѓето си одат. Понекогаш животот ќе ни земе некои луѓе, понекогаш тие сами бираат да заминат.

А заминувањето може да биде на најлош можен начин: без најава, без објаснувања, без зборови, но исто така, постојат ситуации кога луѓето си одат, бидејќи е така подобро. Да бидеме искрени, без некои луѓе ни е подобро. Тие едноставно внесуваат негативност во нашиот живот. Постојат голем број разни плитки фрази кои луѓето ги изговорат, за да го потврдат она што ти веќе знаеш:’ Подобро ти е без него’, ‘Се кладам дека сега му е жал’.

Всушност не е важно дали тие работи се вистинити. Бидејќи на крајот, кога некој ќе замине, посебно ако е така подобро, ти не си оптеретена со она што таа личност чувствува, туку со она што ти чувствуваш: ти недостасува некој, кој всушност не заслужил да ти недостасува.

Милиони причини има зошто некого сакаме; поради неговиот изглед наутро кога ќе се разбуди, поради сигурноста и пријатноста која ни ја дава, поради неговиот поглед кој продира во нашата срж.

Причините зошто некој ни недостасува воглавно се поврзани со причината, зошто таа личност ја сакаме: поради доброто чувство кое ни го дава, чувството поради кое не сакаме да се откажеме.

Кога ќе не’ напушти некој, кој лошо се однесувал кон нас или не’ повредил- емотивно или психички- се создава некаков облик на прекинување на врската, меѓу мозокот и срцето и често тоа може да биде болно и збунувачки.

Како е можно да ти недостасува некој кој во твоите чувства е поврзан само со страдање? Тогаш мозокот ја превзема главната улога и тогаш се прашуваш: ‘Зарем сум толку збунета, што навистина сакам да се вратам во периодот кој ме уништуваше?’ А срцето, колку што знаеме, нема за тоа едноставен одговор.

Можеби ти недостасува некој кој не треба, само затоа што сакаш да знаеш, дали тој, еден ден ќе биде подобра личност, да те сака онака како што ти него што го сакаш, да покаже дека се грижи за тебе како ти за него. Можеби си толку врзана со оние неколку убави спомени, што станаа чамец за спасување во океанот на разочарувања.

Важно е да запомниш дека тоа чувство дека ти недостасува, некој кој те повреди, не те прави мазохист и поради тоа не си поинаква личност. Во суштина, тоа само појако го истакнува фактот дека твојата љубов е предобра за него.

И затоа дозволи си некој да ти недостасува. Иако не те заслужуваат. Нека ти недостасува, бидејќи, без оглед дали се сеќавањата добри или лоши, тоа беше вистински дел од твојот живот. Нека ти недостасува. Дозволи тоа сеќавање да биде повеќе од тоа што некогаш тој бил.

Извор: zdravaisretna

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: