Главата горе, твоите денови ќе дојдат

Сета мудрост на животот е да откриеш кои работи можеш да ги имаш под контrола, а оние кои не можеш- да ги пуштиш. Научи ја разликата!

Искуството е алатка, која може да ти помогне. Прифати го фактот дека совршенство, не е да имаш се’ под контрола, туку да не се оптеретуваш со работи, на кои не можеш да влијаеш.

Прифати го фактот, дека понекогаш ќе има многу повеќе работи кои не можеш да ги контролираш, но тоа не е причина да не живееш среќен и исполнет живот. Фокусирај се само на донесување на добри одлуки, а она што ќе испадне од тоа, препушти го од своите раце.

Сфати дека стравовите и сомнежите не се единствената сила против која треба да се бориш, напротив тие се сила со која треба да научиш да живееш. Она со кое треба да научиш да се бориш, се твоите негативни мисли, кои им отвораат простор во твојот живот да губиш надеж, ентузијазам, радост, исполнување.

Биди секогаш подготвен да го прифатиш стравот и ќе видиш како ќе бидеш подготвен да бидеш победник.

Марио Жувела

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: