Најубавиот комплимент е кога некој ти верува

Низ животот научив дека во добро ќе научиш некои работи, а во зло ќе научиш се’. Научив дека овцата нема да ја изеде волкот, туку овчарот, на кој најмногу му верува.

Кога конечно ќе научиш да играш шах, никогаш повеќе не го мешаш коњот и кралот. Не треба да се смируваат бурите, туку себе си, додека бурата не помине.

Научив дека треба да имаме свое Јас, дека делата зборуваат погласно од зборовите. На глувите викањето не им помага, а оние кои те слушаат, шепотењето им е помило.

Научив дека раката која ќе ти ја подадат во неволја е повредна од сите кои ќе те чукнат по рамена, кога неволјата ќе помине. Дека ништо не трае засекогаш. Дека секоја подметната нога е поискрена, отколку лажен убав збор. Дека секој заслужува втора шанса, но не и стота.

Научив дека сто пати на глас изговорена невистина и понатаму останува лага. Луѓето кои прават да се чувствуваш помалку вреден, ќе ги отераш во …. Најубавиот комплимент е кога некој ти верува. И дека твоја должност на овој свет е да го спасиш својот сон.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: