Си заминав, бидејќи не ми даде никаква причина за да останам

Ми беше се’. Те сакав безусловно и се борев за тебе со секој свој дел. Имав очи само за тебе и ти дадов се’ што имав. Се обидов да ги исполнам твоите очекувања и да бидам девојка, која ја посакуваш.

Знам дека не сум совршена, но за тебе се трудев да бидам онаа вистинската. Се надевав и посакував да слушнам, дека сум убава за тебе со своите несовршености и неодлучности. Но, најмногу од се’ посакував да бидам со тебе.

Ти беше тој, кој ми го даде сјајот во очите. Оној поглед што го имаше клучот на моето срце. Сакав да бидеш среќен со мене. Посакував најдобро за тебе. Те сакав со сето свое срце. А ти што направи?

Никогаш не возврати со чувство. Ми го зеде срцето, го фрли и го остави, сама да ги собирам скршените делови. Ги знаев сите твои мани, но ги прифатив и ги почитував. Те прифатив таков каков што си, со сите твои грешки, неодлучности, стравови и проблеми. Никогаш не се обидов да те сменам, бидејќи за мене беше совршен, токму таков каков што си.

Заслужи омраза, но не можам да се натерам да те мразам. Ме лажеше, направи да се чувствувам недостојно и ги повреди моите чувства многу пати. Никогаш не се праша како се чувствував или каков ми беше денот. Секогаш беше се’ за тебе. Секогаш за тебе. Се’ додека твоите потреби беа задоволени, ништо друго не беше важно.

Треба да те мразам, бидејќи си себичен и нечесен. Себичен си, бидејќи ме задржа во својот живот, за да ти помогнам да престанеш да бидеш незадоволен со самиот себе и својот живот. Ме држеше покрај себе, бидејќи му годеше на твоето Его. Затоа што знаеше, дека сум подобра од тебе.

Мислев дека мојата љубов кон тебе ќе го омекне твоето ладно дијаболично срце. Но, тоа никогаш не се случи. Сето тоа беше само пуста желба. Бидејќи во тебе нема љубов. Веруваше дека никогаш нема да те напуштам, без оглед на се’ што направи или рече. Ти дадов многу шанси и всушност само те охрабрував, а ти веруваше дека секогаш ќе ти простувам.

На крајот сфатив, дека нема корист од борбата за некој, кој одамна се откажа од неа. Сфатив дека нема смисла да се бориш за некој кој лесно те турна. Сфатив дека понекогаш треба да пуштиш некој да оди, за да можеш да се вратиш на вистинската патека и повторно да се откриеш себеси.

Но, не заминав затоа што сум каприциозна, себична и слаба. Заминав, бидејќи не можев да го поднесам начинот на кој постапуваше со мене. Бидејќи не можев да поднесам дека твојата втора опција е твоја омилена забава. Затоа што се уморив од твоите манипулации и груби игри. Затоа што повеќе не можев да се смеам, додека душата ми плачеше.

Си заминав бидејќи не ми даде никаква причина за да останам. Ќе зажалиш што не ми даде љубов и почитување кое го заслужувам. Жената која има уникатно срце и која има љубов за тебе, која со зборови не се опишува.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: