Има денови кога се’ оди наопаку

Има денови кога чувствувате дека не е ваш ден и дека се’ оди наопаку. Што повеќе се трудите, состојбата се’ повеќе се влошува. Секој има такви денови.

Тогаш е време се’ да прекинете и да ги затворите вратите и прозорците. Очи, уши, нос, јазик, тело и ум се шесте прозорци кои ги затворате кога се чини дека се’ е во неред. Нашите шест сетила се прозорци на умот.

Се’ затворете за да го спречите силниот ветер да дува внатре и да ви наштети. Затворете ги прозорците, затворете ја вратата и запалете оган. Направете атмоафера на топлина и задоволство, така што свесно ќе дишете.

Се’ преуредете- чувства, перцепција, емоции- тие се расфрлани на сите страни, внатре е неред. Препознајте и прифатете ја секоја емоција…

Thich Nhat Hanh

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: