Постојат денови кога сам мораш да си нацрташ сонце

Еден ден, кога животот ќе почнете да го живеете со помалку драма, ќе сфатите дека отсекогаш можело така. Ќе се прашате, зошто толку енергија му дававте на работи, кои во вашиот живот не внесувале ништо ново и убаво, зошто на таа лажна ‘драма’ сте и’ дозволиле да ви ги растури соништата и наместо да ја живеете тајната на животот со страст, ја живеете тајната на преплашениот живот.

Наместо да се обидувате да посегнете по повеќе, земате помалку и се прашувате зошто животот е неправеден.

Кога не драматизирате, создавате судбина во насоката во која навистина сакате да ве води ‘Невидливата рака’, а да престанете да се однесувате како личност, која секогаш во другите бара виновник за своите неуспеси.

Ќе живеете живот како пример за другите, а не како предупредување и ќе сфатите дека сета разлика во квалитетот на животот се сведува на едно; а тоа е дека долгорочниот внатрешен мир поважен е од моменталните задоволства.

Еднаш кога животот ќе почнете да го живеете со помалку драма, ќе сфатите дека единствената стратегија е да се биде господар на самиот себе и дека не е важно што некој ќе ви рече и како ќе се однесува кон вас, туку како вие на крајот тоа ќе го сфатите.

Затоа престанете да се жалите, бидејќи сите тие се методи со кои негативните работи уште повеќе ги привлекувате во својот живот, и ви се чини дека постојат само тие.

Еднаш кога животот ќе почнете да го живеете со помалку драма и ќе почнете да го игнорирате внатрешниот глас кој постојано ви зборува дека е време за грижа, ќе почнете да уживате во мали работи, ќе почнете да го сфаќате губењето на време, кога се убивате од стрес, сметајќи дека нешто добро правите.

Кога ќе ја намалите драмата во животот, ќе го зголемите просторот за внатрешен мир, и ќе сфатите дека е премалку за да го живеете како постојана битка.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: