Ќе живеам живот каков што посакувам, а не живот каков што посакуваат другите

Животот не е секогаш розев. Животот не е секогаш виножито и пеперутки. Понекогаш е тежок. Ако многу сте се измачиле, за да стигнете до овде, не се откажувајте сега, направете чекор напред, сменете го својот живот.

Ослободете се од негативноста што доаѓа од изворот на незнаење, кој ви зборува што можете, а што не можете. Направете го така, што ќе си ветите себеси дека ќе гледате напред, ќе живеете кон напред и навистина ќе одите напред. Со други зборови, почнете самите себе да си давате ветувања! Ветете си дека ќе ги возвраќате ударите, дека ќе се борите посилно, ќе се смеете уште погласно и ќе дадете отпор кон проблемите, кога ќе ве затекнат. Ветете, дека ќе бидете силата на која треба да се смета- бидејќи и е сила, на која треба да се смета. Дајте си себе ветувања и дека никогаш нема да ги прекршите.

1. Минатото нема да ме спречи. Од сопствените проблеми, слабости, неуспех, жалење и грешките, може да се учи. Затоа учите за нив, секој ден. Нека се’ ви биде учител.

Ако жалите за некои одлуки кои сте ги донеле во минатото, престанете да бидете строги кон себе. Постапивте најдобро што можевте, со знаење кое тогаш го имавте. Донесовте одлуки кога бевте помлади. Тие одлуки да ги донесевте со мудрост која ја имате денес, ќе постапевте поинаку. Затоа престанете да се јадете.

Времето и искуството на убав начин ни помагаат да растеме и учиме, за да можеме денес да носиме подобри одлуки и за себе и за оние за кои се грижиме.

2. Ќе го прифатам својот живот и никогаш нема да ја негирам одговорноста за него. Во животот учите да ги обвинувате своите родители, учители, ментори, образованието, владата, но никогаш себе. Зарем не? Никогаш вие не сте виновни..што е погрешно!

Вината е секогаш ваша, бидејќи ако сакате да промените, ако сакате да одите понатаму и да продолжите со својот живот, вие сте единствена личност која може тоа да го направи. Тоа е ваш потез. Тоа е ваша одговорност. Прифатете ја!

3. Ќе живеам живот каков што посакувам, а не живот каков што посакуваат другите. Дозволете си да го следите патот кој ве прави среќни. И прифатете дека некои личности во вашиот живот ќе одбијат да бидат покрај вас, кога ќе тргнете на тоа патување. Нема да го добиете нивното одобрување што и да кажете и тоа е во ред. Понекогаш, кога ќе се посветите на креирањето на сопствената среќа, ќе се судрите со туѓи перцепции.

Понекогаш за нешто поголемо мора да пуштите нешто друго. А тоа ‘нешто друго’ е однос кој од вас бара, секогаш да им удоволувате на туѓите желби и очекувања.

4. Ќе ги пуштам односите на кои очигледно не им е судено. Поголемиот број луѓе ќе влезат во вашиот живот на некое време само за нешто да ве научат. Ќе дојдат, ќе си одат и ќе остават траг. И во ред е да не се во вашиот живот. Не се сите односи трајни, но лекциите кои ви ги даваат се многу важни. Ако научите да го отворите своето срце и ум, кон секој, па и кон оној кој ве излудува, може да ве научи нешто вредно. Понекогаш ќе ви биде чудно што поминавте толку време со некој со кој сте поврзани, но точно така треба да биде. Вие сте точно таму каде што треба да бидете, како и сите ние.

5. Нема да дозволам, некоја ситуација долготрајно да ми ја украде насмевката. Дури и кога ќе биде навистина тешко, застанете за момент и сетете се кои сте. Она, што има за вас во животот долготрајно значење. Насмевнете се за тоа до каде стигнавте. Навистина, не постои ништо поубаво и помоќно на овој свет од насмевката која се раѓа од солзи.

Секој човек може да биде среќен, кога нема никакви проблеми. Но, само силна душа со искрено срце, може да се смее во ситуации кои тераат на плачење. Без оглед на тоа колку време треба да помине, ќе биде подобро. Држете се и одите понатаму. Тешките ситуации, ќе изградат силни личности.

6. Секогаш ќе се трудам да излезам надвор од границите на комфорот. Само затоа што се мачите, не значи дека губите. Секој голем успех бара некоја врста на вредна борба. Запомнете: кога се борите, станувате појаки и попаметни! Што повеќе време поминувате во таа состојба, побрзо учите. Секој ден треба да се вежба, да се поместуват границите на своите можности, да се растегнувате секогаш и секогаш одново, да грешите, да се сопнувате, да учите од тие грешки и да се растегнувате уште повеќе.

Во светот во кој ветувањата често остануваат неисполнети, каде ветувањата не се повеќе она што некогаш биле, би било убаво да се види, како зборовите ја добиваат назад својата моќ. Кога давате ветување, запомнете дека треба и да се исполнат.

Сликата која ја имате за себе во иднината, зависи од акциите кои ги превземате денес. Ветете и докажете, дека ветувањата не се празни.

Извор: atma

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading