Живееме за првпат, но и последен пат!

Не е смртта најлошото што може да ни се случи, најлошо е да се откажеме од сѐ убаво што може да ни се случи! Просто, заборавивме дека среќата нема само еден сопственик, ни припаѓа на сите до еден на овој свет!

”Инспирирани” од нашите проблеми кои ни се чини дека немаат крај, нѐ јадат од внатре, губиме сила и волја, нѐ изморуваат, а ние не знаеме да се одмориме, губиме надеж  и гледаш, животот како кула од карти ни се руши.

А зошто?Дозволуваме проблемите од вчера да се нашето денес, гледаме во минатото, а таму нема ништо ново! Со животот ни управува туѓото мислење, шаблоните на општеството, буквално странци, а заради нив стануваме сѐ што не сме. Ама “луѓето” да се задоволни, да нѐ тапкаат по рамо во знак на послушност и покорност, без оглед на тоа што сме несреќни и животот, а сето тоа изгледа како телевизор во црно-бела боја без звук.

Не знаеме за подобро и не сакаме вистински да ни биде подобро, сѐ додека постои изговорот “таков сум, што да правам”. За почеток, правете нешто, ама овојпат нешто за себе! Доста, туѓото мислење ви беше Ахилова пета, доста ползевте, премолчувавте и преживувавте! Прифатете дека мора да се смените, не затоа што ви фали нешто или сте изгубен случај, напротив во вас има потенцијал, вие можете да биде подобри ВИЕ, да се пронајдете, да се освестите каде грешите, што не сакате и  да бидете главната улога во вашиот живот, зошто тој филм се гледа само и само еднаш! 

Калимеро

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading