Кога ќе се сокриеш во себе, само оној кој те сака ќе тргне во потрага по тебе

Толку е чудно. Постои миг во кој, ако доволно длабоко се прашуваш кој си и ако доволно високо си го изговараш името, ако целиот се претвориш во тоа прашање и во тој одговор, ќе го заборавиш своето име, веројатно затоа што името е лажен одговор на прашањето: ‘Која сум јас?’

А потоа ќе го заборавиш и прашањето, не ќе можеш да го најдеш ниту тоа ‘Која сум јас?’ во својот ум за да можеш да се запрашаш, веројатно затоа што со тоа прашање, со тоа ‘Кој сум јас?’ не се стигнува до она што е Јас.

И тогаш настапува еден толку чудесен миг, кога ги губиш и одговорот и прашањето, тогаш имаш чувство дека ги губиш и сите оние нешта за кои веруваш дека си ти, а не си, и тогаш стануваш ти, тогаш постоиш во себе.“

“Разговор со Спиноза“ Гоце Смилевски

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: