Повеќе не се грижам за оние кои не ме заслужуваат

Работите кои во вашиот живот изгледаат сосем случајни, во позадина знаат да бидат испреплетени со различни скриени причини. Ако го прифатите тоа сознание, може да ви помогне, на животот да гледате со други очи.

И затоа не ја отфрлајте ниту една средба, личност или настан бидејќи неговото значење во сегашниот момент не можете да го видете во вистинско светло.

Затоа, појавите кои изгледаат неповрзани, често се длабоко под површината испреплетени со различни нишки и никогаш во никој случај не смеете да ги отфрлите како безначајни, бидејќи нивното време допрва доаѓа.

Сите грешки кои се случиле исто така биле со причина. Тие го оправдуваат вашиот процес на раст и созревање. Без нив немаше да бидете тоа што сте сега. Без нив немаше да имате можност да учите од животот и да ги разбирате вистините до кои сте дошле.

Сите грешки кои ги поминавте, се ткиво, со кои проживеаните искуства се претвораат во остварувања и цели, кои сакате да ги постигнете и без нив, никогаш до крај нема да бидат остварени.

Работите кои во вашиот живот изгледаат како случајни, се тука за да сфатите, дека колку и да го планирате животот, секогаш ќе биде еден простор кој нема да можете да го испланирате, бидејќи не можете до крај да ги разберете сите причини и последици кои ви се случуваат.

Тука се, за да разберете дека не постои еден готов образец и рецепт по кој можете и морате да живеете, бидејќи секоја единка во овој свет е нешто неповторливо во околностите во кои ќе се појави.

Не се борете со себе, за да сфатите кој е вашиот вистински пат и што е она што треба да направите за да го остварите својот максимум. Тоа ќе дојде тогаш, кога ќе ги прифатите работите и односите кои изгледаат случајно, а всушност во себе кријат одговори на сите ваши недоумици.

Кога ќе сфатите дека ништо не е случајно, се случува ваше ново раѓање, а вие започнувате да уживате во сето тоа што животот ви дава, бидејќи знаете дека сето тоа има некоја смисла.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: