Првата лекција за љубовта е да се научи, како да се биде сам

Многу луѓе одат на лекар барајќи решение за своите здравствени проблеми. Кога телото боли, одиме на лекар, добиваме лек, без да бидеме прашани што во суштина не’ мачи.

Се’ е во некои правила, норми кои мораат да се пополнат и поважни се од самиот човек. И затоа добиваме таблети за болка, прифаќајки дека болеста дошла однекаде и го загрозува нашиот живот.

Но, дали е тоа навистина така? Не се секогаш лекарите виновни. И тие понекогаш не можат да ги поврзат нашите жалења и симптоми. Нема виновници, се’ е во нас самите.

Прифаќањето ‘здраво за готово’ не е оправдување. Тоа што се препуштаме на рутината и на ‘машината’ на погрешниот живот е само наша заслуга. Ако го земеме животот во свои раце, има решение за се’.

Прво, бидете свесни за се’ што се случува околу вас и како одредени работи влијаат на вас. Размислете на што е точно вашиот фокус, дали е Тоа- токму тоа што ви треба и ако не е, како можете да го смените.

Не ја префрлајте вината на другите. Тргнете од себе. Повеќе свртете се кон себе, а не кон другите. Прифатете ги работите кои се спротивни од вашите вредности, како сопствена промена, како прилика за раст и учење. Не се плашете од промени. Избегнувајте токсични односи. Водете сметка за себе, но и за другите.

Не дозволувајте негативните емоции да ве заробат. Да се запознаете себе си е клучната стратегија за соочување со сопствените сенки. Кога ќе се вратите дома со некоја болка или со длабоко вкоренети непријатности, кои се активирале предизвикани од некоја случка, пред да се ‘фатите’ за некој лек, дајте си малку време. Малку одмор за себе, бидете сами со себе.

Време е да бидете ‘дома’, во своето скришно место од животните торнада, каде можете да се исклучите и да бидете сами. Не носете негативност на своето место на исцелување. Направете си некој лековит ритуал: легнете во када со топла вода, сварете си чај, читајте ја својата омилена книга, шетајте во тишина и мир, фантазирајте, (зошто да не!) и одмарајте.

Не ја носете работата дома. Не носете мобилен телефон во спалната соба и во тоалетот. Ослободете време само за вас. Се’ ова ќе ја олесни вашата физичка и психичка нелагода. Не се плашете гласно да кажете што ве повредува. Било што да ве вознемирува и влијае негативно на вас, запомнете- нема да помине само од себе, како што и не ‘паднало од небото’ тоа негативно..

Мора да се ангажирате. Мора понекогаш да кажете НЕ. Тоа што ве мачи однадвор, е всушност нешто што ве мачи одвнатре.

Менувајте се себе си преку учење, бидејќи во спротивно секоја грижа ќе се претвори во физичка болка. Прифатете го тоа, искажете го, побарајте помош и започнете процес на промена и не се плашете да одите кон посакуваната благосостојба.

Мирна душа- тоа е нашето право да ја поседуваме. Не се плашете јасно да кажете и покажете што сакате. Секој од нас заслужува мир, спокој, радост и благосостојба. Ако ова не е дел од вашите навики, време е да направите мали промени во вашиот живот.

Не е лесно да се најде време да се биде сам со себе. Но, не заборавајте дека во спротивно, пополека ќе се ‘загинете’ ако не превземете нешто за себе. Ќе бидете потполно растргнати со обврски и навики, кои ќе ве спречат да ја постигнете внатрешната рамнотежа и да стигнете до вистинска благосостојба. Ваше е само да ја отворите вратата.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: