Зошто е најтешко себеси да се погледнеш во очи?

Најтешко е себеси да се погледнеш во очи, бидејќи понекогаш гледаш се’ она што сакаш, но гледаш и многу работи кои не ги сакаш.

Тежок е тој поглед, бидејќи тука нема глума и измама и со еден поглед, се’ ќе откриеш. Сите оние маски кои си ги подготвувал за различни луѓе и пригоди тука паѓаат. Маската за членовите на семејството, маската за пријателите, маската за колегите на работа, маска за познаниците, маска за секој човек, кој на било кој начин влегол во твојот живот.

Најтешко е себеси да се погледнеш во очи, зошто најтешко е да ја разбереш личноста пред себе.

Најверојатно би сакал тоа да е еден друг човек, кој живее друг живот, но секогаш некои непредвидливи и несакани околности, прават да бидеш она, што не сакаш.

Најтешко е себеси да се погледнеш во очи бидејќи ти никогаш не знаеш што се’ ќе излезе на видело, кои гласови од тебе ќе прозборат, што ќе зоврие од посвеста, какви последици од таа средба навистина можат да бидат.

Најтешко е себеси да се погледнеш во очи, бидејќи нема разубавување на работите, тука нема читање помеѓу редови. Се’ е тука многу јасно и во тоа е најголемиот проблем, што, всушност не е така како што сакаме.

Тука го гледаш своето минато, сите стравови и сомнежи, ги гледаш сите соништа кои се распрснале, го гледаш главниот актер кој ја обликува својата судбина, ја гледаш невидливата рака која ги влече сите конци, ги гледаш сите оние искуства кој би сакал да ги поминеш, а не си ги поминал, бидејќи не си доволно јак и силен.

Најтешко е себеси да се погледнеш во очи, бидејќи дури тука гледаш колку треба да работиш на себе, колку има погрешни уверувања, од кои мораш да се решиш, негативни навики со кои се уништуваш, размислувања кои те убиваат, колку лица кои треба да ги ускладиш, колку има тука простор кој треба да го засакаш.

Но, еднаш кога себеси ќе се погледнеш во очи и ништо повеќе нема да биде како порано, ќе престане војната со себе и ќе се прифатиш онаков каков што си.

Ќе живееш мирен живот.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading