Каде живеат емоциите?

Извадок од книгата “Разговор со Бог”- Neale Donakd Walsch

Дали знаете дека чакрите во телото имаат своја функција и цел, која поголемиот дел од луѓето не ја разбираат?

Со овој текст ќе се обидеме да ги опишеме чувствата, за да се отвори вратата на поширокото разбирање и функцијата, целта и улогатата на вашите духовни – енергетски центри во телото.

Во изминативе години многу често се среќаваме со различна литература, која ги објаснува овие центри во нашето тело но, ретко, некогаш ќе сретнеме, како тие ‘работат’ и зошто всушност постојат.

Ајде сега да го направиме тоа, така што ќе користиме заедничко искуство, искуство на ‘копнеж’ за да го согледаме ова. 

Бидејќи копнежот е ментален процес, тој може, како и сите ментални процеси да создаде физичко искуство. Копнежот може да создаде чувство во стомакот; кое можеме да го наречеме ‘нервоза’ или ‘пеперутки’ во стомакот.

Длабокиот и тажен копнеж, може да предизвика дури и тапа болка во стомакот. Тоа се случува бидејќи копнежот е енергија, која ‘удира’ во енергетскиот центар, во подрачјето на телото каде се наоѓа вашиот стомак. Овај енергетски центар се вика чакра. Постојат седум такви центри во вашето тело. Во енергетските центри, се случува трансформација од духовно во физичко, од видливо во невидливо или пошироко гледано, она што го мислиме, во она што чувствуваме. 

 Кратко, чакрите се механизами кои ја претвораат Енергијата во искуство. Интересно е тоа што, земајќи во предвид колку се важни овие центри, милиони луѓе не се дури ни свесни за нив, дека постојат.

Тие навистина се присутни и можат да се користат за добивање на физичко искуство, од нашиот духовен идентитет. Тоа се постигнува така што управуваме со ЕнергијаТА.

Еве како енергијата може да функционира. Длабок и тажен копнеж е енергија. Тоа е мисла создадена во Умот. Тоа е формулација на физичката енергија. Таа е ваша лична информација, таа е Вие во формација. Во системот на чакри Вие сте троделно битие: Тело, ум, и дух. Она што ви е познато во Духот, за тоа копнеете вашиот ум, а ќе го искусите тој копнеж преку вашето тело.

На пример, познато вие дека на ниво на Духот, сите се Едно со сѐ. Кога ќе станете свесни за себе, станувате свесни за тоа што вашиот дух знае. За тоа и понатаму ќе копне вашиот Ум, а тој копнеж ќе го искусите и во вашето Тело. Тоа е функцијата на вашите енергетски центри, да трансформираат знаење за душата, преку искуството на телото. 

Еден потполно разбуден ум функционира со чиста енергија, без пореметување. Умот кој не е потполно разбуден може, покрај својата поспаност, покрај својата заборавност, да ја поремети чистата енергија на вашето вистинско знаење и да создаде физичко искуство, кое не е чисто.

Животната енергија течи низ телесниот систем на чакри, материјализирајќи го духовното. Системот од чакри тоа го прави со претворање на еден облик на енергија во друг. Овој процес на претворање, некои од вас го нарекуваат и трансформација. Затоа, нефизичката енергија на длабок и тажен копнеж, може да создаде и многу вистинска болест на срцето. 

Ова не е метафора. Мислам на вистинска физичка болка. Позитивен и среќен копнеж, создава возвишување и оживување на физичките сетила, што доведува до вистинско подобрување на физичкото здравје.

Не е чудно да се чувствува човек подобро, додека доживува позитивен копнеж. Многу добар пример е копнежот за осознавање на Бог или длабока посветеност на Божјите принципи кои велат, ако живееме со таков копнеж, тој создава потполн внатрешен мир и физичка благосостојба. 

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: