Не ги барајте, дозволете да ве пронајдат

Знам дека не си подготвена. И знам дека не е вистински момент. И тој веројатно и не постои. Но, она што е тука, е токму овој момент сега. Ова е прилика.

Ти. И она за кое мечтаеш, се’ она што чекаш, она што тебе те чека, онаа која посакуваш да бидеш – достапна е. Ама…од другата страна на стравот. Од друга страна на изговорите. И те чека тебе.

Радувај се! А колку долго ќе дозволиш да чекаш? Ако ти е доста чекање и тапкање во место и ако навистина сакаш да прекинеш со старата приказна, направи ја следната работа: земи хартија и молив и напиши што се’ треба да се случи, за циклусот на чекање и откажување конечно да престане. Поиграј се со следните прашања, бидејќи тие ќе ти дадат преспектива, за тоа каде си сега и до каде стигна, било да станува збор за личниот напредок или за целите поврзани со работата.

Поставувањето на вистинските прашања, е клуч кон мудроста! Прашања:

1.Кои се твоите најблескави моменти во оваа година?

2. Кои се четири работи во кои уживаш и кои ги сакаш, за да продолжиш да ги работиш и кои се четири работи или навики, од кои сакаш да се ослободиш?

3. Што е најголем предизвик за оваа година? Со што мора да се носиш?

4. Како предизвиците те направија посилна? Кои лекции ги научи?

5. Како можеш да ги искористиш и да почнеш, да ги применуваш секојдневно?

6. Која е најважната работа што треба да ја завршиш?

Најважната работа, е да се направи најважната работа. Една работа. Не безброј. Една! Најважна. Таа ќе те донесе до целта. Таа работа ќе те ослободи! Престани да чекаш и тргнувај! Тргни си во пресрет!

Ти пуштам океан љубов!

Лидија

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: