Не трчај по некој, кој воопшто не треба ниту да биде во твојот живот

Да трчаш по некој не е воопшто забавно, посебно ако се работи за сентиментална врска. Не…не трчај по некој кој не треба ниту да биде во твојот живот. Не се труди премногу, бидејќи мора да престанеш да бараш љубов од некој, кој не разбира колку го почитуваш. Се обидуваш безуспешно да влезеш малку во неговиот живот, иако тој не знае како да ти даде внимание кое го заслужуваш.

Да направиме мали вежби и да се фокусираме на односите со пријателите- никогаш не мора премногу да се трудиш, за да се поврзеш со пријателите. Бидејќи такви луѓе без посебен напор, се во твојот живот. Покрај тебе се за добро и за лошо, безусловно те подржуваат, демонстрираат дека се грижат за тебе и те сакаат со сето свое битие.

Ќе те повикаат кога ќе почувствуваат потреба да ти се јават. Одговараат на твоите пораки. Планирате патувања заедно и подеднакво се восхитени, како и ти. Навистина се грижат за тебе.

Ти не се грижиш дека ќе го изгубиш, бидејќи знаеш дека љубовта меѓу вас е вистинска, искрена, зрела. Научи, кои луѓе ја отвораат вратата на твојата душа. Научи, кои се луѓето со кои посакуваш да поминеш повеќе време.

Тоа се луѓето кои сакаш подобро да ги запознаеш, бидејќи сфаќаш дека се прекрасни и чувствуваш дека постои посебна врска меѓу вас.. Така треба да биде во сентименталните односи во кои постои вистинска љубов. Секогаш е потребно да се вклучат двата партнери за да може односот да функционира. Личноста која не ја гледа твојата вредност не треба да те интересира.

Луѓето кои ти требаат во твојот живот, се оние кои вистински те почитуваат и не ти треба никаков дополнителен доказ. На кои не им недостасува време. Се појавуваат и ти покажуваат дека заслужуваш повеќе од она што мислиш.

Извор: pozitivanstav

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: