Не им се враќајте на луѓето кои ве повредиле

Животот понекогаш во некои ситуации може да биде контрадикторен. Чудно е како постојат луѓе, кои не’ привлекуваат иако не’ повредуваат, личности на кои сме насочени, иако од нив добиваме многу удари.

Некогаш нашиот однос е условен со брачни, семејни или работни улоги кои не’ врзуваат за одредено време, но ситуациите стануваат чудни кога почнуваат да не’ привлегуваат луѓе кои не’ повредиле, а со кои немаме никакви формални поврзувања, како да постои нешто во нас, што длабоко не’ врзува за нив.

Мислата која често се јавува кај таков вид на привлекувања е идејата дека ‘можеби овој пат, ќе биде поинаку’,’ не е тој/ таа навистина таква/ таков или ‘јас ќе ја променам’ е само еден облик на самозалажување. Што се однесува до личноста која еднаш ве повреди, голема е веројатноста, дека тоа ќе го стори повторно.

Чудно е тоа, како многу луѓе се уверуваат себеси и другите дека на своите грешки и задобиени удари, нешто може да се научи, а потоа истите, ги повторуваат уште многу пати. Сето тоа зборува, дека не можете мирно да стоите и ништо да не превземате.

Слободно признајте си себеси, дека овој пат нема да биде поинаку и прифатете го фактот дека не можете никого да смените. Бидете свесни, дека секој од нас поставува друг редослед на приоритети за луѓе и работи. Вие сигурно не сте секогаш на врвот од таа листа. Признајте го тоа, се’ друго е пикање на главата во песок.

Кога сте емотивно повредени е многу покомплексно од физичката повреда, таа може да трае, таа може во недоглед да се повторува без да сфатите, дека ви треба заштита и на крајот ќе стане иницијација за многу болести внатре во вашето тело.

Нема смисла да се жртвувате за личност, која за вас нема да направи ништо. Со толеранција најмногу си одмогнувате себеси. Бидете свесни за својата вредност и не му дозволувајте на никој да ве компромитира.

Ако ништо не превземете, немате право да се жалите на несреќен живот.

Марио Жувела

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading