Кој ти гарантира што ќе биде утре? Затоа, живеј денес

Многу луѓе чекаат некое совршено време, за да создадат живот каков што посакуваат. Така, секој ден се оправдуваат со различни изговори; еден ден велат дека се уморни, другиот ден дека немаат време, третиот ден смислуваат нешто трето и така во недоглед секој нов ден, смислуваат нов изговор.

За да почнете да го живеете животот, кој сакате да го живеете, мора пред се’, да го прифатите фактот дека денешниот ден е клучен ден и дека само она што ќе направите со него, се одразува на вашата иднина.

Ако не направите ништо- тогаш тоа истото ‘ништо’ ќе го добиете во својата иднина. Ако стекнете некоја негативна навика, тогаш ќе бидете уште подалеку, од целта до која сакате да дојдете. Но, ако денес прифатите некое позитивно начело, вашиот живот почнува да добива ново значење. Тоа е многу едноставно, но многу луѓе се далеку од тоа.

Имено, живееме отруени со погрешни уверувања за животот кој ги наследивме или сами сме ги изградиле. Тие уверувања доаѓаат од размислувањето, дека не сме способни за целта која ја посакуваме и таква цел не ја заслужуваме.

Многумина се уверуваат себеси, дека тој поинаков живот и не постои, и оние кои зборуваат за него, се нарекуваат лажни идеалисти. Ако таквиот живот не е возможен, тогаш се’ е напразно.

Клучот на успехот се наоѓа во тоа, да се ослободите од сите погрешни уверувања и да го прифатите ова сегашно време, како дар кој ви станува задача. Тие кои со радост ќе ја прифатат сегашноста, носат големи резултати во иднината, резултати кои се нарекуваат успешен живот.

Кога ќе се ослободите од сите погрешни уверувања тогаш го откривате другиот дел од тајната на успехот, а тоа е дека се’ се наоѓа во вашата одговорност.

Вие сте одговорни за вашиот успех, исто така делумно сте одговорни за квалитетен или неквалитетен живот на вашето семејство, вашето работно место, сите луѓе со кои се среќавате.

Ако го искажувате она позитивното начело на животот и одговорноста, тогаш од вас ќе излегува сила која и другите ги турка кон нивните цели, но ако од вас излегува сомнеж, тогаш себе и другите ги закопувате во местото на кое стоите.

Сигурно дека никој од нас не сака цел живот да стои во место на кое сега се наоѓа, туку да има некоја прекрасна цел во иднина, до која сака да дојде. Самото сознание за таа цел и желбата за негово остварување, мора да ве раздвижи во делување. Ако и понатаму останете на местото, тогаш тоа е знак дека нешто со вас не е во ред.

Претворете го вашиот сон во своја стварност, така што ќе почнете да живеете, да превземете различни чекори и да ги практицирате оние универзални животни закони на кои се темели нашиот свет. Тие имаат само една цел на постоењето, а таа е вие да пронајдете своја смисла живеејќи ги. Нема никакво оправдание да го чекате утрешниот ден.

Иднината почнува денес, не ја одложувајте за утре! Уште денес можете многу вредни и важни работи да донесете во својот живот.

Што чекате? Одврзете се… и на пат!

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: