Откажете се од луѓето, кои не ве сметаат за важни

Секој ден потсети се себе си дека ти треба пауза, од луѓе, настани и безвезни работи.

Земи пауза пред животот да те натера на неа, бидејќи нема засекогаш да можеш да ги ‘пикаш’ работите во себе. Ќе мора еднаш да се сретнеш со последиците на своите избори и тогаш ќе сфатиш, дека имало многу од оние погрешните, дека често си ‘пикал’ во својот живот и она што не си заслужил, одејќи по линија на помал отпор, размислувајќи дека евтино ќе поминеш.

Но, се’ еднаш доаѓа за наплата. Сите луди избори кои си ги одбрал, затоа што си видел дека таму одат и други, затоа што ти рекле дека тоа е во тренд, а не си се запрашал зошто тоа го правиш.

Земи пауза и од своите мисли, а посебно од оние негативните со кои толку многу се зближи, што повеќе и не приметуваш, дека тоа се твоите непријатели. Земи пауза за повторно да бидеш човек и ќе почувствуваш она што те прави појак, без оглед колку тој избор е тежок.

Научи да не трошиш време на она што е помалку вредно, што несвесно го одбираш и разбери ја одговорноста за својот животот, дека не можат да ја превземат другите и дека нема смисла да се одложуваат нерешените работи и проблеми, заради некоја далечна иднина.

Најди време за да погледнеш малку што се собрало на дното на душата и да ги ‘отвориме’ јазлите на неразјаснатите чувства во кои секој ден влегуваме, без да ја знаеме причината.

Секој ден потсети се себеси, дека ти треба пауза од луѓе, оние кои премногу ти се приближиле, па ја користат таа близина само како можност, нешто да добијат и искористат.

Верувај дека нема ништо да изгубиш во таа одвоеност од светот, изолираност од луѓе, впрочем ќе добиеш едно ново искуство на мир и сознание, дека никој и ништо однадвор не може да те направи среќен, ниту да ти помогне, твојот живот да биде онаков каков што ти посакуваш и заслужуваш.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: