Подобро е да одиш со исправена глава, отколку се кренат нос

Животното искуство безброј пати ни покажа дека гордоста е најголема бариера, која е најтешко да се тргне.

Зошто понекогаш, луѓето тешко преминуваат преку највисоките планини, најдлабоките провалии, најзапуштените предели и пустини, но да преминат преку својата гордост им е најтешко.

Било да се работи за непримерен збор, недостаток на внимание, неискажани пофалби, многумина поради тоа се подготвени да направат буквално се’.

Гордоста е она што направило повеќе штета на оваа земја отколку сите урагани, потреси, поплави и ерупции заедно, бидејќи по неа, работите никогаш не можат да се вратат на почеток.

Гордоста е знак, дека човекот својата слобода ја прецени и злоупотреби и наместо од неа да живее, од неа почнува да умира. Гордоста пред се’ е знак дека не се почитуваме доволно себеси и дека егото толку се надуло, што разорува се она што сме вложувале, за што сме се жртвувале и што сме граделе со години. Да се пушти таа сила без контрола, е еднакво на пуштање на диви ѕверови од кафез.

Гордоста е она што ја вшмукува сета енергија од нас, не’ соголува до гола кожа и покажува колку можеме да станеме мизерни суштества, кога ќе се насочиме само на една фиктивна точка, која се вика наше Его.

Затоа треба да се знае како и кога да се запре својата гордост, пред таа да не суреди нас. Кога ќе го совладаме тој лажен одбрамбен механизам, тоа станува прв предзнак дека се сакаме себеси, бидејќи не може да се задвижи нашата љубов кон другите, без љубов кон себе.

Кога ќе ја намалиме својата гордост, ќе почувствуваме толку убавина во нашите меѓучовечки односи и ќе се запрашаме зошто толку моќ сме придавале во својот живот, што дозволуваме да ни го расипе животот.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: