Во чест на сите прекрасни жени, еве 11 особини на кои им се восхитуваме

Убавината на жената не е во облеката која ја носи, фигурата која ја има или начинот на кој ја врзува својата коса. Убавината на жената е во нејзините очи, бидејќи тоа е вратата на нејзиното срце, местото каде срцето живее.

Вистинската убавина на жената е рефлектирана во нејзината душа. Тоа е нега која таа љубезно ја дава, страста која ја покажува и убавината на жената, расте со годините кои поминуваат. Има многу преубави жени- и многу од нив се слободни или не се во врска.

Зошто? Не можеме да зборуваме за секоја жена; но можеби е уморна. Уморна од средби и пријателства со просечна личност постојано. Веројатно и’ е самачено од лаги, непочитување и колку е сфатена здраво за готово.

Жените со такви квалитети се обично со добро срце и лесно веруваат- две карактеристики кои за жал, пречесто се искористуваат. Прекрасните особини не се почитувани од обичните луѓе- несреќна вистина која е очигледна во животот. Несреќните луѓе со презир ги гледаат среќните. Гласните им се потсмеваат на тивките.

Во чест на сите прекрасни жени, еве 11 особини кои посебно се почитуваат.

1. Вашата љубезност. Вашата љубезност е очигледна каде и да одите. Без оглед колку пати, вашата великодушност и љубезност е занемарена, вие сте истрајни. Луѓето, на кои сте им ги допреле животите, ве сакаат повеќе отколку што може со зборови да се опише.

2. Вашата независност. Ако сте ја нашле вистинската личност, постојат шанси да се заљуби во вашата независна природа. Не ги почитувате своите вредности во зависност од партнерот, туку од единствените и посебни особини, кои ги држите во искреното срце.

3. Вашата несебичност. Прекрасната жена секогаш дава повеќе отколку што прима. Замислете една или две највлијателни жени во вашиот живот. Потоа прашајте се: дали таа ги ставила потребите на другите, пред своите?

4. Вашата грациозност. Жените за восхит секогаш изгледаат грациозно. Како Жаклин Кенеди и принцезата Дијана. Им се восхитуваме како ја персонификуваат понизноста и милоста.

5. Вашата страст. Го сакаме вашиот ентузијазам и возбуда поради она што е важно. Се восхитуваме како вашата страст е секогаш ваша цел. Страста и за големи и за мали работи- што е денес необична особина.

6. Вашата подршка. Без оглед дали е тоа ваш пријател, член на семејство или партнер, вашата подршка никогаш не е лажна и никогаш не престанува. Иако нема да се сложите со нас, секогаш ќе не’ подржувате 100%

7. Вашето сфаќање. Знаете што сме способни да бидеме, дури и ако ние не знаеме. Иако секогаш нема да ја почитуваме вашата проницливост, сфаќаме дека вашата мудрост заслужува длабоко размислување.

8. Вашата енергија. Ја сакаме вашата енергија, желбата за соочување со светот. Иако можеби не сте многу гласни, чувствуваме и искрено го почитуваме вашиот позитивен став и прекрасната енергија.

9. Вашата искреност. Можете да бидете слатки, но не се плашите да бидете намќорести ако е потребно. Понекогаш, ова ‘намќоресто’ доаѓа кога некој ќе се обиде да ве направи будала или ја сфатил вашата љубезност како слабост.

10. Вашата упорност. Како што е објаснето, денес не е лесно да се биде извонредна жена. Многу е важно да се успее да се задржат сите овие точки. Многу добри луѓе се повредени од модерното општество- нешто што зборува колку сте посебни и прекрасни!

11. Вашата љубов. Последното, но сигурно не помалку важно: ви благодарам за вашата љубов, за сето време поминато со нас, ни кажавте се’ што требаше да слушнеме и што ни дозволивте да бидеме дел од вашиот живот.

Извор: novipocetak

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: