Зошто не верувате дека сте вредни за љубов?

Врската која ја имате со себе е најважната врска во вашиот живот. Кога не се сакате себеси, секогаш ќе барате љубов и потврда од другите луѓе.

Ќе барате од другите луѓе да ви докажат дека сте доволно добри, бидејќи сами во тоа не верувате. Во тој случај речиси е невозможно да се искуси вистинската љубов во врската со партнерот, бидејќи се темелат на зависност, од потврдата на другите луѓе (партнерот).

Резултатот на таквиот нездрав однос се расправии, неразбирање и љубомора. Имено, кога не се сакате вистински самите себе и барате потврда од другите луѓе дека сте доволно добри- никогаш ништо нема да ви биде доволно. Не постојат зборови кои партнерот може да ви ги каже, за да докаже дека ве сака.

Не постојат дела, ни подароци, ниту било што друго со кој вашиот партнер (или било кој друг) може да докаже дека сте доволно добри, ако сами во тоа не верувате. Ако не се сакате сами себе, никогаш нема да им верувате на другите луѓе дека ве сакаат.

Како да ве сакаат другите, ако верувате дека не сте доволно добри и вредни за љубов, со што и потсвесно барате докази за тоа во кое верувате? Мозокот секогаш бара докази за она во што верувате, па така и во љубовта.

Ако не верувате дека сте вредни за љубов, во секоја ситуација и со секоја личност, потсвесно ќе барате причини зошто таа личност ве сака. Среќната љубов почнува одвнатре. Дури кога верувате дека сте доволно добри, дури кога сте среќни сами со себе, дури кога ќе станете своја сродна дупа- без потреба за надворешни потврди, подготвени сте за среќна љубов.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: