Јас те бирам тебе. И по сто животи, повторно ќе те изберам тебе

‘И те бирам тебе- во сто животи, во сто светови, во било која верзија на стварноста, јас ќе те пронајдам и изберам.’ – Kiersten White

Јас те бирам тебе. Не само за еден ден или за краткотрајниот блесок од секундата, туку засекогаш. Во овој живот, или во било кој друг- твојата душа е таа, која ќе ја побарам и ќе ја најдам. Твоето срце му е судено на моето.

Времето поминува, како што светлината на зимското зајдисонце ја крши земската стварност со тебе, а тоа е љубов која никогаш не ја барав, таа ме пронајде мене. Се чини, дека животот се врти околу мене така брзо, што ги гаси моите истрошени уверувања и ме инспирира да верувам во нешто поголемо од мене и во нешто поголемо, од она што некогаш навистина го планирав…тебе.

Се чини дека никогаш не е право време за љубов- но вистина е дека љубовта секогаш стигнува на време. Сепак, бараме, се кршиме себеси при изборот кој ќе го направиме и плачеме над изборите кои сме ги одбрале. Никогаш не знаеме каде треба да бидеме и каде треба да завршиме, а некаде помеѓу тоа заборавиме да дишеме- забораваме да живееме.

Те бирам тебе, бидејќи истовремено ми го одземаш здивот и ме потсеќаш како треба да се живее. Никогаш не мислев дека ќе мора да изберам љубов и всушност, не знаев дека некогаш ќе те изберам тебе. Но, ете го сторив тоа- денес, утре, онолку долго, колку што можам да се будам со изгрејсонце, за да ја упијам убавината на новиот ден.

Сепак, од време на време, чувствувам дека изборот да те сакам, бил создаден само за мене. Исто како моето срце да одлучи, дека ти си вистинскиот за мене. Како да не те одберам? Тоа никогаш не ни била опција. Те избрав, пред да сфатам дека те сакам.

Животот ретко се случува како што го замислуваме, а секогаш завршува како ни е судено. Јас не можам да седам овде и точно да кажам, дека знам што ќе се случи следниот месец или дури по неколку години, но и понатаму ќе продолжам да избирам. Јас ќе одберам да бидеш покрај мене, бидејќи не постои никој друг со кој сакам да бидам.

Чудно е, како не можам да замислам да се расправаме околу нешто, но секогаш си велам себеси дека е тоа можно, дека еден ден, еден од нас, несакајќи ќе го повреди оној другиот. Или ќе станеме толку тврдоглави, што ќе заборавиме на силата која ја поседуваме, кога ќе застанеме еден покрај друг, како двајца играчи од истиот тим. Меѓутоа и дури во најголемата расправија, знам дека повторно ќе те изберам, бидејќи никој друг, никогаш вака не се чувствувал, како да е дома.

Има уште многу непознати и неоткриени работи, но јас повторно ќе те изберам тебе. Не мислам дека ќе биде лесно, но она што знам е дека не можам да замислам да се одалечувам од тебе и се’ што сме поделиле- се’ што сме создале во опојниот простор меѓу моите и твоите усни.

Нешто едноставно се роди во тие моменти, кога на нашите души им беше дозволено слободно да се играат. И понекогаш, се чини дека нешто силно почна да цвета- чувство кое не го очекував: безусловна љубов. И затоа, јас те бирам тебе, бидејќи ми покажа како треба безусловно да се сака.

Зборуваш со мене без зборови и можам да ја почувствувам твојата душа преку просторот на времето или далечината. Можеби зборовите едноставно ќе исчезнат кога љубовта доаѓа во твоето срце. Те бирам тебе поради се’ што си и поради се’ што ќе станеш. Те бирам тебе, бидејќи ти си мој единствен.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: