Ако ве повредиле, дозволете кармата да се погрижи за тоа

Верувајте дека таа порано или подоцна ќе се погрижи за тоа. Најдобрата освета е да се грижите за себе. Пуштете кармата да се погрижи за другите, бидејќи, само така ќе се фокусирате да станете подобра своја верзија. Научете да им простувате на луѓето, кои не се грижеле за вас и научете да не дозволите, негативните емоции или лутината да ве натераат да правите нешто непродуктивно, таа врста на енергија заменете ја со нешто, што навистина добро ви оди.

Најдобрата освета е да не се замарате што другите луѓе мислат, не дозволувајте нивните постапки да влијаат на вас, не се гледајте со очите на другите, не се обидувајте да ги импресионирате другите и да сфатите дека тие не се посупериорни, бидејќи имаат она што вие немате. Постоите само вие и единствено вие, треба да бидете доволни сами на себе и на луѓето кои ќе ве сакаат.

Вие сте единствени и вие ќе бидете проект, во кој ќе бидете заглавени до крајот на животот. Секогаш ќе бидете единствена личност квалификувана за работа на тој проект. Сами на себе сте ремек дело и нема на сите, да им се допадне вашата уметност или можеби нема да ве ценат онака како што очекувате, но тоа вас никогаш не треба да ве спречи, да го завршите и усовршите тоа ремек дело.

Најдобрата освета е да се научи отпуштање, пред да се замери. Отпуштањето е навистина ослободување и покажува дека имате вера во Бог и Универзумот. Понекогаш кога не се чувствуваме добро во себе, се држиме до работи, кои можат да ја саботираат нашата среќа или емоцијата, кон луѓето кои не не’ сакаат или навистина не не’ ценат.

Отворете го својот ум. Кога ќе научите да ги отпуштате ситуациите или луѓето кои ви го отежнуваат животот, тоа ќе значи дека ќе достигнете здраво ниво на љубов, бидејќи отпуштате и продолжувате понатаму, дури и ако немате резерва и не знаете што ќе се случи понатаму, но сепак немате страв. Чувствувате како Свемирот се грижи за вас, сигурни сте за вашите вештини, за да почнете одново или да најдете некој подобар.

Научивте да бидете силни, храбри и да не се плашите од она што не знаете. Знаете дека можете да решите се’ што ви паѓа на памет. Најдобрата освета е да се сакате себе, дури не станете личност каква што сакате да бидете. Сакајте го вашето несовешено битие. Учете на своите грешки. Знаете дека тие грешки не го дефинираат вашето минато. Сакајте го своето секојдневие и кога сте горе и кога паѓате.
Знајте дека оној кој не можел да ве сака, се бори против своите лични битки.

Верувајте дека сте токму таму, каде што треба да бидете и фокусирајте се да го извлечете она најдоброто во животот, кое ви е дадено, наместо да не се сакате себе и да не живеете онака како што посакувате.

Најдобрата освета е да се научи да се биде среќен и задоволен, дури и ако се сите против вас.

Извор: https://aprilamente.info/se-ti-hanno-ferito-devi-lasciare-che-se-ne-occupi-il-karma-fidati-che-prima-o-poi-lo-fara

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: