Го сфаќаш мојот свет, бидејќи и твојот е многу сличен

Нежноста не ве прави ранливи, ве прави отворени и чувствителни за се’ таинствено што ве опкружува. Луѓето кои не се нежни, кои се цврсти како стена, постојано го пропуштаат животот. Животот поминува покрај нив, не може во нив да продре, бидејќи тие се непробојни.

Животот е толкава радост за оние луѓе кои се нежни, меки, заљубени, сочувствителни, емотивни. Тогаш животот е сам по себе доказ, дека Бог постои, а тие на безброј начини го докажуваат тоа.

На силните луѓе, не може да им се докажува, бидејќи се недостапни за чувства. Таквиот човек ги губи сите чувства, живее само во размислување. Се губи срцето, разум е на прво место, а во главата се само бесмислици.

Бидете срце! Дури ако поради тоа го изгубите разумот- изгубете го, тоа се исплаќа. Подобро е кога си неразумен, отколку да бидеш без срце.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: