Колку и да ве боли, колку и да ви е тешко…понекогаш е подобро да се каже збогум

Животот е циклус. Има фази кои треба да се почнат и врати кои треба да се затворат, за животот да продолжи. Меѓутоа, како можеме да бидеме доволно силни и храбри, за да се простиме од одредени работи?
Дури и ако боли, понекогаш е подобро да се каже збогум на Љубовта, која не’ обогатува или пак, да го прекинеме тоа пријателство кое се заснова на себичност.

Животот непрекинато тече и само најхрабрите можат да живеат со среќата која ја заслужуваат. Ќе се чувствуваат потполни и задоволни со животот, дури и кога понекогаш постои потреба, да жртвуваат нешто за свое добро.

Некои луѓе не навикнале да размислуваат за себе, да застанат за момент и да си го постават прашањето: како сум денес?
Не се мисли на тоа, да бидете совршено среќни секој ден од својот живот. Вистинската игра на животот, е да се најде тој секојдневен спокој, со кој ќе се чувствувате добро во себе. Со она кои сте. Со она што имате. Навикнете се на дијалог со себе.

Не се фокусирајте секогаш само на другите. Важни сте и вие и мора да знаете како сте, како се чувствувате, што ве боли и што ви недостига. Едноставно мора да визуализирате: Од една страна ги ставате сите оние работи поради кои секој ден се насмевнувате, а од друга страна ставате се’ што ве загрижува, она поради кое се чувствувате лошо. Која страна од вагата е потешка? Среќа или тага? Размислете за тоа.

Да се каже збогум не е крај, туку почеток.

Кога веќе ја проценивте ситуацијата, можеби сфативте дека постојат и работи од кои можете да се простите. Не зборуваме само за други луѓе. Понекогаш постојат и други аспекти на нашиот живот, од кои е подобро да се тргнете: Оставете ги негативните мисли зад себе. Мора да се ослободите од постојани грижи и да научите да бидете оптимисти.

Простете се од животот, кој е во потполност посветен на другите. Мора да одржиме рамнотежа и да ја отвориме вратата на своето време за себе. Заборавете на емоционално преоптеретување. Дали се грижите што другите мислат за вас? Дали се грижите поради критиката? Слободно однесувајте се онака како што верувате, следејќи ги своите желби и препуштајќи се на вашиот личен раст.

Како да им кажеме збогум на оние кои сеуште ги сакаме? Понекогаш мора да поминеме низ тешки времиња, кога дури и ако уште сакаме одредени луѓе, знаеме дека ни предизвикуваат повеќе болка отколку среќа, повеќе солзи од насмевка. Како да се носиме со оваа ситуација?

Ако некој го сакате, пред се’, мора да го решите проблемот. Меѓутоа, ако сфатите дека сте вложиле време, надеж и напор за некој кој направил малку или ништо за да ве заслужи, тогаш е време да отпуштите. За да отпуштите, мора да сфатите дека не сакате да страдате. Храбри сте и ќе можете да го продолжите својот живот со полна сила. Поради тоа мора да се соочите со ситуацијата, точно онака како што ја чувствувате.

Кажете ја вистината, отворете го своето срце и размислете. Најважно е да не ја пропуштите, бидејќи некогаш ќе згрешиме што ‘сакаме да се обидеме повторно’ а тоа често резултира со повеќе месечно страдање. Збогум мора да биде искрено, одлучно и вистинито. Некои тоа го нарекуваат ‘без анестезија’ бидејќи болката ќе биде интензивна. Меѓутоа, неопходно е. Тоа е нова прилика да бидете среќни. Повторно воспоставувате врска со себе, по тоа збогум.

Кога ќе отпуштите, губите и дел од себе. Тоа е како сечење на папочна врвца со која се храневте со емоции, проекти, соништа и надежи.
По оваа пауза, од суштинска важност е повторно да направите врска со себе, со својата самодоверба и своето битие за да можете да продолжите да бидете среќни и задоволни со животот.
Колку и да ве боли, колку и да ви е тешко, сетете се…понекогаш е подобро да се каже збогум.

Извор: http://aprilamente.info/a-volte-e-meglio-dire-addio-anche-se-fa-male

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: